cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Прекрасни трудници насекаде, а јас? Вистината за кожата во бременоста

„Бременоста ? го разубави лицето.“, „Сјае“„Кожата ? е совршена.“. А ти се гледаш во огледало и се прашуваш: Зошто кај мене не е така?

Прекрасни трудници насекаде, а јас?

Прво и најважно, не си единствена и ништо не е погрешно со тебе.

 

Митот за „бременечкиот сјај“

Таканаречениот „труднички сјај“ не е правило, туку индивидуална реакција на хормоните. Кај некои жени кожата станува посјајна: порите се порамнети и лицето изгледа свежо.

Кај други, пак се појавуваат акни, кожата станува сува или чувствителна, се јавуваат пигментации, тенот изгледа уморно.

И двете состојби се нормални.

 

Зошто кожата може да се влоши во бременост?

Во бременоста хормоните силно осцилираат, се зголемува продукцијата на себум, кожата станува почувствителна и имунолошкиот одговор се менува.

Тоа може да доведе до акни, црвенило, флеки или нерамна текстура дури и ако претходно си имала смирена и убава кожа.

 

Што не треба да правиш?

-          Не се споредувај со други трудници.

-          Не користи агресивни козметички третмани.

-          Немој да експериментираш со силни активни состојки без совет.

-          Немој да се обвинуваш себеси.

Социјалните мрежи не ја покажуваат реалноста туку филтрирана верзија.

 

Што можеш да направиш?

Поедностави ја негата

Во бременост, помалку е повеќе. Користи благо средство за чистење, хидратантна крема и заштитен фактор

Често кожата реагира подобро кога не е преоптоварена.

 

Фокус на хидратација

Пиј доволно вода и користи креми што ја смируваат кожата.

 

Исхраната има улога, но не е магија

Редовни оброци, свежа храна и стабилен шеќер во крвта можат да помогнат, но не се гаранција за совршен тен.

 

Консултација со дерматолог

Ако состојбата со твојата кожа те вознемирува, побарај стручно мислење. Постојат безбедни решенија и во бременоста.

 

Кожата не ја одредува твојата убавина, ниту пак твојата вредност како жена и како мајка.

Бременоста е сложен процес со многу промени, а не период кога треба да размислуваме само за изгледот. Некои трудници имаат сјајна кожа, други се борат со проблеми кожата.
Сите поминуваат низ промени.

Ако твојата кожа не изгледа како на фотографиите, тоа не значи дека нешто не е во ред. Тоа значи дека твоето тело реагира на свој начин, а тоа е сосема природно и во ред.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет