cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Прераното одвикнување од пелени е штетно!

Родителите кои ги одвикнуваат децата од пелени пред третата година од животот можеби прават голема грешка, тврдат стручњаците на педијатриската урологија

Прераното одвикнување од пелени е штетно!

 

 

Dr. Steve Hodges, професор на универзитетот Wake Forest во Северна Каролина вели дека прераното одвикнување од пелени не е препорачливо, бидејќи мочниот меур не е добро развиен на возраст пред три години. Исто така може да дојде до затвор, оштетување на бубрезите, па дури и инфекции на мокрачниот систем, бидејќи малите деца не смеат долго да трпат, а тоа е она што се случува при одвикнување.

Dr. Steve Hodges напишал книга која ги разбива митовите за одвикнувањето од пелени во рана возраст, пред третата година. Тој кажува дека бебињата треба да имаат непречено мокрење на начин на кој слободно можат да одговорат на потребите на својот организам.

Ако се почне со одвикнување од пелени прерано, тоа би можело да доведе до низа проблеми: “Скоро сите проблеми поврзани со одвикнување – незгоди на јавно место, мокрење во кревет, инфекции на мочните патишта – се однесуваат на хроничното задржување на урината или столицата” – пишува Dr. Steve Hodges.

“Децата кои прерано се одвикнуваат од пелени можат многу брзо да се соочат со тешки проблеми”. Dr. Hodges, кој е началник на клиниката рекол дека неговите пациенти кои имаат хронични уринарни проблеми се обично одвикнувани од пелени пред третата година од животот.

И бројките укажуваат на зголемување на проблемите од оваа природа. Одењето на доктор заради затвор се зголемило за четири пати повеќе во последното десеттолетие, како што пренесува познатиот магазин Journal of Neurogastroenterology and Motility.

Освен тоа, 8% од девојчињата добиваат инфекции на мочните патишта до 7-годишна возраст што претставува 14% од сите посети на службите за итна медицинска помош. Само во САД околу 5 милиони деца мократ во кревет, вклучувајќи околу 20% петгодишни, 12% шестгодишни и 10% седмогодишни деца. Dr. Hedges верува во вистинитоста на бројките.

Бидејќи родителите веруваат дека проблемите поврзани со одвикнувањето од пелени се нормални, многу од нив мислат дека воопшто не е алармантно да го носат своето дете на лекар, ако настанат компликации.

“На мочниот меур му се потребни три до четири години за да се развие во потполност, а непреченото мокрење (во пелени) му овозможува да го достигне својот максимален раст.“

 

Извор: Dailymail

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет