Прегратка од срце
Инструкции - како да направите играчка дома

Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Прегратката не се купува,
на пазар не се продава,
прегратката се дарува,
за другарство да царува.
Потребни материјали:
- Црвена ткаеница
- Конец и игла
- Памук или молтотекс
На голем лист хартија ставете ја едната рака од вашето детенце и со молив нацртајте ја до лактото. На одредено растојание ставете ја другата рака и нацртајте ја исто така до лактото. Двете раце поврзете ги со срце.
Исечете две идентични парчиња од ткаенината според шемата. Сошијте ги на машина или на рака и оставете место за полнење. Наполнете ја играчката со памук или молтотекс. Затворете го отворот. Не заборавајте силно да ја гушнете играчката.
Погледнете ги и другите играчки од нашата колекција |