Прашања за понатамошна употреба
Одговори за Ваша поголема сигурност: Колку повеќе читате за матичните клетки, толку повеќе прашања може да имате. Следат одговори на најчесто поставуваните прашања за понатамошна употреба што ги добиваме.

Што ќе се случи со матичните клетки по 20 години?
Ние ќе Ве контактираме во писмена форма и ќе Ве прашаме дали сакате да го продолжите чувањето на матичните клетки. Заради тоа од посебна важност е постојано да не известувате за било какви промени во Вашите контакт информации.
Што ќе се случи со примерокот доколку Cryo-Save банкротира?
Cryo-Save обезбедува финансиска провизија за секој клиент преку компанија специјализирана за криопрезервација. Согласно тоа, сигурноста на зачуваниот материјал до истекот на договорот е целосно гарантирана.
Коге зачувувањето на матични клетки е успешно и што ќе се случи кога матичните клетки не може да бидат сочувани?
Повеќе од еден милион матични клетки претставуваат одличен примерок и може да бидат употребени за трансплантација кај возрасни, дури и без експанзија. Помеѓу 100.000 и еден милион матични клетки исто така се добри, но без експанзија не може да бидат употребени за трансплантација кај возрасно лице. Помалку од 100.000 матични клетки не се сочувани во доволен број дури ни за експанзија. Во овој случај ние не ја наплатуваме обработката и чувањето на матичните клетки.
Кој ќе се погрижи матичните клетки да бидат доставени на вистинското место доколку има потреба од третман?
Акредитиран центар треба да не извести по телефон или во писмена форма дека Вие имате потреба од матичните клетки. Сепак, официјално ослободување и достава на примерокот може да биде изведено само на акредитиран медицински центар после нивно експлицитно барање. Ние во Cryo-Save ќе се погрижиме матичните клетки да бидат подготвени за испорака без дополнителни трошоци и испорачани во рок од 24 часа.
Зошто матичните клетки се чуваат само 20 години?
Ние веруваме дека матичните клетки може да бидат чувани и подолго од 20 години и нетрпеливо го чекаме моментот на проширувањето на нашиот тим, кога научните истражувања ќе ја докажат сигурноста на долгорочното чување на клетки. Во моментот најдолгиот период на чување на матични клетки е околу 28 години. Поради тоа, ние се потпираме на проверени докази за одредување на условите за чување. Многу други биолошки примероци и клеточни типови беа криопрезервирани и успешно употребени по многу подолго време.
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |