cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Практични совети за полесни денови со новороденче

Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови обврски, непроспиени ноќи и неизвесност.

Практични совети за полесни денови со новороденче

Првите недели може да бидат исцрпувачки, особено за родители кои првпат се соочуваат со ова искуство. Но со неколку практични навики, секојдневието може значително да се олесни.

 

1. Спијте кога спие бебето

Иако можеби ќе бидете во искушение тоа време да го искористите за завршување на домашните обврски, имајте на ум дека одморот има приоритет. Дури и кратките дремки во текот на денот можат да помогнат да ја вратите енергијата.

 

2. Не плашете се да побарате помош

Родителството не мора да биде соло задача. Прифатете помош од партнерот, семејството или пријателите без да чувствувате вина.

 

3. Подгответе агол за бебето

Имајте на едно место сè што ви треба како пелени, влажни марамици, резервна облека и креми. Ова заштедува време и го намалува стресот.

 

4. Не тежнејте кон тоа се што правите да биде совршено

Домот не мора секогаш да биде среден, а ручекот не мора секој ден да биде дома зготвен. Во овој период најважни сте вие и бебето.

 

5. Следете ја воспоставената рутина, но бидете флексибилни

Иако новороденчињата немаат строг распоред, постепената рутина за хранење, бањање и спиење може да помогне.

 

6. Научете ги сигналите на бебето

Со време ќе препознаете дали плачењето значи дека бебето е гладно, уморно, чувствува непријатност или има потреба за близина. Ова ќе ви ја зголеми самодовербата.

 

7. Грижете се и за себе

Родителите често забораваат на сопствените потреби. Дури и краток туш, прошетка или 15 минути мир можат многу да значат.

 

8. Не споредувајте се со другите родители

Секое бебе е различно, а секој родител има свој ритам. Она што функционира кај едно семејство можеби нема да функционира кај друго.

 

Првите денови со новороденче се период на учење, адаптација и многу емоции. Никој не е совршен родител од првиот ден. Сè се учи со време, љубов и трпение.

Најважно е да знаете дека се што правите е доволно и дека секој ден станувате сè посигурни во вашата нова улога.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет