cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Позиции на лежење на бебето по месеци

Во првите месеци од животот, положбата во која лежи бебето е многу важна за неговиот правилен развој, удобност и безбедност.

Позиции на лежење на бебето по месеци

Како што расте, неговите мускули зајакнуваат и постепено почнува да ја менува положбата на телото, па затоа е корисно родителите да знаат кои позиции се соодветни во секој период.

 

Од раѓање до 3 месеци

Во овој период, најбезбедна положба за спиење е лежење на грб, бидејќи се смета за најсигурна позиција за новороденчиња.
Покрај тоа, во текот на денот се препорачува кратко време и на стомаче додека бебето е будно и под надзор, познато како Tummy Time.

Ова помага за: зајакнување на вратните мускули, развој на рамениците и подготовка за превртување.

 

Од 3 до 6 месеци

Бебето станува поактивно и почнува да ја контролира главата подобро.

Во овој период сè уште спие најчесто на грб, може самостојно да почне да се врти на страна, времето на лежење на стомаче постепено се зголемува.

Ова е фаза кога бебето почнува да ја истражува околината со движење.

 

Од 6 до 9 месеци

Многу бебиња во овој период почнуваат сами да се превртуваат.

Може да лежат: на грб, на страна и на стомак ако самите се свртат.

Ако бебето веќе самостојно се врти, нема потреба постојано да го враќате во почетна положба.

 

Од 9 до 12 месеци

Во оваа фаза бебето веќе активно менува позиции.

Често само си избира положба за спиење, се врти повеќепати во текот на ноќта и може да спие и свртено на стомак или страна.

 

Важни совети за безбедност

Без разлика на возраста душекот на кој лежи бебето треба да биде рамен и цврст. Исто така избегнувајте перници и меки играчки во креветчето.

 

Положбата на бебето се менува природно како што расте и се развива. Најважно е во првите месеци секогаш да се обезбеди безбедна позиција за спиење и доволно време за движење и вежбање додека е будно.

Со правилна поддршка и слобода на движење, секоја нова позиција станува чекор напред во развојот на вашето бебе.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет