Попај плескавица
За некои родители зеленчукот и неговата употреба во менито на детето е непресушен извор на фрустрации. Кога децата не сакаат да јадат ништо зелено, жолто или црвено, замаскирајте го!
Потребни состојки
- 500 гр. говедско месо
- 1 парче леб ситно издробено
- 2 лажици млеко
- 1 мала главица кромид
- 15 гр. путер
- 150 гр. спанаќ
- 1/2 лажиче сол
- бибер по вкус
За сервирање
Лепиња
Начин на подготовка
Во помал сад ситно издробете го лебот и натопете го со млеко. Промешајте добро да се добие изедначена смеса.
Кромидот ситно исечкајте го и ставете го во тава на оган, со путер додека не омекне. Оставете го да се излади.
Во подлабок сад ставете го натопениот леб, кромидот и останатите состојки. Измешајте со раце.
Од добиената маса направете плескавици.
Испржете ги во тава и сервирајте со лепиња.
Наздравје!





