cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Помогнете му на детето да ги реши конфликтите

Секое пријателство има свои нагорни точки и падови. Како возрасни лица сите сме ги искусиле несогласувањата и кавгите со пријателите. Исто така знаеме како изгледа кога ќе изгубиме пријател и какво е чувството кога пријателите ќе се разделат

Помогнете му на детето да ги реши конфликтите

 

 

Раздалечувањето на пријателите обично се случува во некој подолг временски период, па е полесно да се прилагодиме на таквата ситуација, додека несогласувањата и кавгите се многу емоционални и драматични.
Иако секој родител знае како изгледаат кавгите со пријателите, се уште може да биде многу емоционално за нив да ги гледаат расправиите меѓу своето дете и неговите другари. Секако, како родител, сакате да направите се' за да го поправите нивниот однос, за децата повторно да уживаат во заедничкото дружење. Меѓутоа, некогаш е потребно да ги оставите децата сами да го поправат односот со другарите, без интервенција на родителите. Сите ние во текот на животот сме имале десетици и десетици пријателства кои доаѓаат и си одат. Ист случај е и со нашите деца.
Сепак, за некои пријателства е вредно да се бориме. Ако сметате дека пријателството меѓу Вашето и другото дете е многу важно и вредно, родителското плеткање во решавањето на конфликтот може да биде многу корисно. Заради тоа, ќе Ви дадеме неколку идеи кои ќе Ви помогнат да ги вратите децата во колосек.



Организирајте заедничко спиење


Ако мислите дека на Вашето дете ќе му користи времето поминато со пријателот, без мешање на други деца, организирајте пижама парти. Ова е сјаен начин за поттик на дружењето вон училиште. За децата, спиењето кај својот пријател, може да биде корисен начин за ублажување на стресот од училишниот живот. Дури и возрасните организираат слични дружења, на пример кога одат на кампување или риболов. При заедничко спиење на децата треба да имате на ум дека ваквите активности треба да бидат забавни. Се разбира, Вие сте тие кои ќе гарантираат за безбедноста на детето кое ќе спие кај Вас, пред неговите родители.



Гледајте со очите на другото дете


Како родител, Вие без сомнение ги гледате работите со очите на своето дете. Обидете се да го согледате проблемот со очите на другото дете. Вие најдобро го познавате своето дете и знаете како се тепа, расправа и како се однесува кон другите.



Разговарајте со родителите


Често, кога две деца ќе се спријателат, по некое време се зближуваат и нивните родители. Ако се чувствувате неудобно да разговарате за проблемите кои ги имаат децата, нема причина зошто да не ги споменете на родителите на другарчето. Можете да покренете тема во која ќе пренесете колку Вашето дете е тажно што се расправа со другарчето и да ги прашате родителите дали слушнале нешто слично од нивното дете. Зависно од одговорот, ќе можете да процените дали децата треба да продолжат да се дружат, дали им е потребно малку време за да се одморат едни од други, или е можеби совршен момент да им организирате заедничко дружење.
И за крај: Иако е сосем разбирливо дека сакате да помогнете, имајте на ум дека тоа е сепак однос меѓу двајца луѓе. Наведените инструкции може да ги користите ако процените дека тоа пријателство треба да се спаси. Меѓутоа, многу е важно да разберете дека не треба да се трудите премногу, бидејќи овој сегмент од животот на детето е надвор од Ваша контрола.

 

 


Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет