Поезија: ЈАС БЕВ САМО ЦВЕТ

Поезија на Кети Николоска

Поезија: ЈАС БЕВ САМО ЦВЕТ

Помниш ли кога ме најде,

бев мало гранче фрлено на земја,

ме зеде нежно со раце свои,

ме засади внатре во градите твои.

Јас, не се противев.

А,што можев  друго?

Јас бев само цвет!

 

Помниш ли како секој ден,

милно со поглед ме галеше

и со зборови полни љубов ми говореше.

Сила тогаш ти ми даде

и нови зелени лисја пуштив.

А,што можев друго?

Јас бев само цвет!

 

Помниш ли како се радуваше

на мојата прва пупка

и пупката беше плод твој.

Плод од љубов и грижа ,

дар од мене за тебе.

А, што можев друго?

Јас бев само цвет!

 

И тогаш кога не виде ти,

јас вратив на љубовта твоја,

ја претворив пупката во цвет,

ти го направив прекрасен овој свет.

А,што можев друго?

Јас бев само цвет!

 

Автор: Кети Николоска

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет