cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Подготовка за породување

Дознајте што се' ве чека на породувањето

Подготовка за породување

Се плашам од чинот на породување. Како да го надминам стравот?

Кога зборуваме за породување, обично за тој настан се поврзани приказни за болки, страв, непријатности. Трудниците, како и сите останати, се плашат од непознатото. За да го надминете тој страв најдобро е да бидете добро упатени за она што ве чека во породилната сала. Ако знаете како навремено да препознаете дека породувањето започнало и кои се неговите фази од моментот кога ќе започне, до моментот кога покрај вас ќе лежи бебето, породувањето нема да го доживувате како енигма.

 

Кога да очекувам дека ќе се породам?

Веројатниот термин за породување е датумот на кој треба од прилика да се породите. Бременоста влегува во термин со полни 37 недели, што значи дека породувањето се очекува од 38 до 42 недела на бременост.

 

Како настануваат контракциите?

Контракциите претставуваат стегање и отпуштање на мускулите на материцата што доаѓа под влијание на одредени хормони и доведува до истиснување на бебето од материцата.

Кога породувањето ќе започне, постојат два вида на контракции: првите се контракции кои траат подолго и кои се јавуваат во првата фаза на породувањето, па стануваат се појаки и појаки. Вториот вид на контракции се напони, кои во втората фаза од породувањето доведуваат до раѓање на бебето.

 

Колку треба да бидам отворена за да почне породувањето?

Под дејство на одредени хормони и контракции, грлото на матката се менува на неколку начини – омекнува и се скратува, за на крај да се изедначи со долниот дел на материцата. Истовремено се шири и од комплетно затворено станува 10 cm отворено, пред самото породување. Во тек на породувањето родилката се отвора, односно и се шири материцата, а бебето ќе излезе кога вагината ќе биде отворена 10 сантиметри (прсти).

 

Што се тоа лажни контракции?

Бракстон - Хиксовите контракции се т.н. лажни контракции. Тоа се неправилни контракции кои ја подготвуваат материцата за породување. Тие не се толку болни колку вистинските контракции, не се регуларни и не се зголемува нивниот интензитет.

Колку повеќе се приближува терминот за породување, овие лажни контракции можат да се јавуваат се почесто, но немаат некоја вообичаена шема на појавување, па се случува да престанете да ги чувствувате доколку нешто работите, или се движите.

 

Сите ми кажуваат дека стомакот ми се спуштил. Дали е тоа знак дека наскоро ќе се породам?

Околу четири недели пред породувањето, а може и подоцна, ќе почувствувате дека стомакот ви се спуштил и дека полесно дишете. Исто така ќе почувствувате дека немате тегоби во желудникот. Тоа не значи дека ќе се породите во рок од 24 часа, но бидете сигурни дека средбата со бебето е многу блиска.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет