Подарување играчки во СОС детско село
Активистите на ДАНУ Филантропија и претставници на CIRa доделија играчки на децата од СОС детско село

Се собраа илјадници играчки во акцијата Прегратка на дар. Повеќето од нив ги подаривме на болните деца, кои ги поминаа новоггодишните празници во болница. Ни останаа многу играчки, па решивме да ги подариме во Меѓаши и во СОС детското село, на децата од социјално загрозените семејства кои го посетуваат дневниот центар во Шуто Оризари.
Нека се решат што побрзо вашите грижи драги дечиња!
Се радуваме што успеавме барем малку да го насмееме вашето лице!
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |