cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Писмо од Ајнштајн до неговиот син

Најгенијалниот човек на ХХ век Алберт Ајнштајн бил познат како лош ученик. Во писмото кое му го напишал на својот син, Алберт го советува дека училиштето не е најважна работа

Писмо од Ајнштајн до неговиот син
Алберт Ајншајн сакал да сонува и да одлута со мислите во тек на наставата, многу заборавал и често ги игнорирал своите школски обврски. Заради тоа многумина го нарекуваат лош ученик. Некои предмети му се  допаѓале повеќе од останатите и нив им посветувал повеќе внимание, додека другите ги занемарувал.
Кога пораснал и станал родител, го застапувал ставот дека на децата треба да им се даде слобода да откријат што ги интересира. Своите синови Ханс Алберт и Едуардо, кој го викал Тете, ги поттикнувал да развиваат интереси кои не се поврзани со училиштето. По разводот со сопругата Милева, Ајнштајн останал да живее во Берлин, а неговите синови и мајка му живееле на релација Беч-Цирих.
Во писмото кое во 1915 година му го испратил на 11-годишниот Ханс Алберт, му советува да се држи до свирењето клавир и дрводелството, бидејќи тоа за него е и подобро од училиштето.
Мој Драг Алберт,
Вчера го примив твоето писмо и многу сум среќен заради тоа. Мислев дека повеќе нема да ми пишеш. Кога бев во Цирих ми рече дека ти е чудно кога ќе дојдам таму. Заради тоа мислам дека е подобро да се наоѓаме на некое друго место каде што никој нема да ни пречи. 
Без оглед на се, те молам секоја година да поминуваме цел месец заедно за да видиш дека имаш татко кој те сака. Од мене можеш да научиш многу работи. Она што го постигнав со напорна работа не е за странци, туку за вас, моите синови. 
Драго ми е да слушнам дека уживаш во свирење на клавир. Според моето мислење, клавирот и дрводелството се најдобри работи за тебе, дури и подобри од училиштето. 
Свири го тоа што ти се допаѓа, дури и ако професорите не ти даваат да вежбаш. Така најмногу ќе научиш, уживајќи во тоа што го правиш до таа мера што не забележуваш дека поминало времето. Јас понекогаш сум толку преокупиран со работата што заборавам да јадам.
Ве бакнувам тебе и Тете.
Тато.
Поздрав за мајка ти.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет