Пет заблуди за ултразвучниот преглед

Иако за идните родители ултразвучниот преглед е е силна емотивна средба со нероденото бебе , многу од нив се загрижени дали ултразвукот ќе нанесе некакви штети врз фетусот

Пет заблуди за ултразвучниот преглед

 

Ултразвукот е бучен како авион?

Распространето е мислењето дека ултрасонографскиот  преглед е премногу бучен  за бебето. За време на преглед со ултразвук внатре во стомакот при нормални услови владее апсолутна тишина. Фреквенцијата на звучните бранови е меѓу пет и десет мегахерци , што значи пет до десет милиони осцилации во секунда. Луѓето чувствуваат звуци едвај до 20 000 осцилации во секунда.


Откако се прават прегледи со ултразвук , се раѓаат повеќе левораки  бебиња?

Обвинувањата за голем број заболувања и нарушувања кај бебињата паѓаат првенствено на прегледите со ултразвук. Едно од најпознатите најчудните тргнува од едно шведско истражување , според кое зголемениот број на левораки деца има врска со честите ултразвучни прегледи во бременоста. Се претпоставува дека ултразвукот влијае на одредени мозочни клетки и на тој начин помага во зголемувањето на левораките деца. Истовремено во истражувањето не се споменува дека денес не се прават напори да се " превоспитаат " левораките и тоа , природно , создава илузија дека нивниот број е зголемен ...


Бебињата бегаат од ултразвук?

Многу идни мајки изјавиле дека за време на прегледот со ултрасонографија бебето им станува особено немирно. Но експертите не веруваат на овие тврдења . Некои од лекарите дури сметаат дека бебињата спијат за време на преглед со видозон , а тие би сакале да ги предизвикаат кон повеќе активност . Според експертите моторниот однесување на неродените се влијае многу слабо од надворешни фактори. Многу повеќе би се зајакне раздвижување на бебето во утробата , ако на пример идната мајка искачува пеш скали .


Ултразвукот ја загрева амнионската течност?

За да се добие загревање , треба да се присутни неколку негативни фактори: високоенергетски звучни бранови, на пример користени при т.н. Доплер ултразвук ( метод за испитување на протокот на крв во телото на нероденото) , зголемена телесна температура на идната мајка и неискусен лекар кој при прегледот се  задржува подолго време на истото место. Дури и во такви случаи опасностите за бебето може лесно да се контролираат.


 

Набљудувањето на бебето на екранот е целосно безбедно?

Ова тврдење , иако може да предизвика паника, не е вистинито. Од ултразвучниот апарат може да се зрачи огромна енергија што не е безбедно. Ултразвучни бранови може да ги осиромашуваат клетките, на пример да ги демолираат камења во бубрезите. Затоа е потребно посебно внимание при користењето на овој метод. Но енергијата што се ослободува при ултразвучните прегледи, е многу помала и само теоретски може да се смета дека таа е во состојба да му наштети на бебето.
Сепак експертите предупредуваат дека ултразвучните прегледи треба да се прават само при реална потреба и да не се претерува со нив - првенствено за емоционални средби на мама и тато со бебето преку екранот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет