Пет години Cryo-Save во Македонија
Cryo-Save, најголемата европска банка за матични клетки веќе пет години е присутна во Македонија. Досега повеќе од 1500 семејства одлучиле да ги зачуваат своите матичните клетки од папочната врвца во Cryo-Save

Би -МЕК, како ексклузивен претставник и партнер на Cryo-Save во Македонија, е особено горд на постигнатите резултати, бидејќи пред само пет години многу малку се знаеше за лекување со матични клетки, а денес постојано се зголемува бројот на семејства кои одлучиле да ги зачуваат.
Големо достигнување
Матичните клетки од папочната врвца денес успешно се користат за лекување на повеќе од 80 тешки заболувања, како леукемија, различни типови на анемии, автоимуни заболувања, метаболни заболувања и слично. Лекарите од цел свет се едногласни дека лекувањето со матични клетки претставува едно од најголемите медицински достигнувања. Матичните клетки имаат неверојатна способност преку делба да создаваат различни видови ткива. Со оваа способност, матичните клетки играат важна улога во целокупниот развој на бебето и многу се значајни за обновувањето на оштетените или остарените ткива во понатамошните фази од животот. Нивниот потенцијал за создавање на различни видови на специјализирани клетки ги прави единствени и моќни за тераписка примена во медицината.
Достапни секаде во Р. Македонија
Постапката за земање на материјал за изолација на матични клетки може да се изведе во секое раѓалиште во Македонија, непосредно после породувањето. При изведувањето на сите досегашни колекции на примероци на крв и ткиво од папочна врвца во раѓалиштата ширум државата, строго се почитуваат сите процедури и правила за стерилност, што резултира со одличен квалитет на сочуваните матични клетки.
„Сакаме да се заблагодариме на стручната јавност, докторите и медицинските сестри во Р.Македонија, за нивната професионалност при извршувањето на целата постапка. На тој начин сите допринесуваме за побезбедна иднина.“ потенцира Тања Евросимовска, директор во Би-МЕК.
Над 1500-те семејства што ги зачувале матичните клетки, всушност донеле одлука да инвестираат во здрава иднина на своите деца.