Отитис - воспаление на уво, домашни мерки и терапија
Отитисот, односно воспалението на увото е честа состојба кај деца, но и кај возрасни. Може да биде болен и непријатен, а ако не се третира навреме да доведе до компликации.
Затоа е важно да се знае што може да помогне дома, а кога е неопходна медицинска терапија.
Што е отитис и како се манифестира?
Отитисот може да го зафати: надворешното уво, средното уво најчесто кај деца и внатрешното уво иако поретко, но посериозн.
Најчести симптоми се: болка во уво, чувство на притисок или затнатост, намален слух, покачена температура. Кај децата симптоми се: плачење, раздразливост, повлекување на увото, а о некои случаи и истекување течност од увото.
Домашни мерки за кај благи симптоми
Домашните мерки се само дополнителна помош, не замена за лекар кога симптомите се силни.
1. Топла, сува облога. Ставете топла крпа, не жешка на надворешното уво. Ова помага за намалување на болката и напнатоста.
2. Одмор и хидратација. Одморт му помага на телото побрзо да се избори со инфекцијата, а внесот на доволно течности ја намалуваат густината на секретот.
3. Правилна положба при спиење. Спиење со малку подигната глава може да го намали притисокот во увото.
4. Лекови против болка по препорака. Парацетамол или ибупрофен може да се користат за болка и температура, но само со препорака од лекар. Кај деца се користат строго според возраста и препишаната доза.
Што не треба да правите дома?
- Не ставајте масло, алкохол, лук или капки на своја рака.
- Не чистете го увото длабоко со стапчиња.
- Не загревајте го ако има истекување од увото.
Медицинска терапија
Терапијата зависи од причината.
- Кај бактериски отитис се користат антибиотици (орални или капки), но само по препорака од лекар.
- Вирусниот отитис најчесто поминува сам, со симптоматска терапија.
- За надворешен отитис се користат специјални капки со антиинфламаторно и антимикробно дејство
Важно е терапијата да се користи до крај, дури и ако симптомите се подобрат.
Кога задолжително да се јавите на лекар?
- Ако болката е силна или се влошува.
- Ако симптомите траат повеќе од 2 до 3 дена.
- Ако има висока температура.
- Ако има истекување од увото.
- Кога станува збор за мало дете или бебе.
- Ако се јавува вртоглавица или доаѓа до губење на слухот.
Како да се превенира отитис?
- Навремено лекување настинки и инфекции на нос/грло.
- Избегнување чад од цигари.
- Правилна хигиена на ушите.
- Сушење на ушите по капење или пливање.
- Кај децата со доење и редовна вакцинација за болести кои може да доведат со отитис.
Отитисот е чест, но не безопасен. Домашните третмани можат да помогнат кај лесни случаи, но правилната дијагноза и терапија се клучни за целосно закрепнување и спречување компликации. Кога има сомнеж секогаш јавете се на лекар.





