Отежнато дишење во бременост
Отежнатото дишење е чест симптом во бременоста и кај многу жени се појавува уште во раните фази или подоцна, кога бебето расте. Во повеќето случаи е нормално, но понекогаш може да биде знак дека треба дополнителна проверка.
Зошто се јавува отежнато дишење?
Постојат неколку природни причини поврзани со бременоста.
1. Хормонални промени
- Прогестеронот се зголемува и влијае на дишењето.
- Телото „им кажува“ на белите дробови да внесуваат повеќе кислород.
2. Рана бременост
- Дури и во првите недели може да се чувствува недостиг на воздух.
- Телото се прилагодува на зголемените потреби за кислород.
3. Раст на матката во подоцнежна бременост
- Матката притиска на дијафрагмата.
- Белите дробови имаат помал простор за ширење.
Кога е најчесто?
- Во прв триместар отежнатотто дишење се појавува поради хормоните.
- Во трет триместар поради притисок од бебето кое расте во стомакот на мајката.
- Често се влошува при качување скали, брзо одење или лежење на грб.
Како се чувствува?
Жените најчесто опишуваат го опишуваат како чувство дека не можат „да земат длабок здив“. Доаѓа до побрзо заморување, благо забрзано дишење без напор и потреба за почести паузи
Што може да помогне?
Практични совети:
- Одморајте почесто и не брзајте со било што да правите.
- Спијте во полуседечка положба ако ви е полесно.
- Избегнувајте лежење рамно на грб во подоцнежната бременост.
- Правете бавни и длабоки вдишувања за регулирање на дишењето.
- Избегнувајте преголем физички напор
Кога треба да се јавите на лекар?
Важно е да не се игнорира ако се појави нешто од следново:
- отежнато дишење во мирување кое се влошува,
- болка во градите,
- забрзано срцебиење со вртоглавица,
- кашлица, треска или оток на нозете,
- ненадејно и силно влошување.
Овие симптоми може да укажуваат на состојби кои бараат преглед.
Отежнатото дишење во бременост најчесто е нормална појава предизвикана од хормонални промени и растот на бебето. Иако може да биде непријатно, обично не е опасно. Сепак, секогаш е важно да се следат симптомите и да се побара лекарска помош ако нешто изгледа необично или се влошува.





