cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Остеопороза - тивката болест

Во светот на здравствените состојби што подмолно се развиваат без очигледни симптоми, остеопорозата со право го носи епитетот „тивка болест“.

Остеопороза - тивката болест

Што е остеопороза?

Остеопорозата е хронично заболување на коските при кое нивната густина и сила се намалуваат. Во суштина, тоа значи дека телото губи повеќе коскено ткиво отколку што создава, што ја прави структурата на коските порозна и слаба.

Најчесто ги погодува жените по менопауза, но не ја заобиколува ниту машката популација особено во подоцнежните години или кај лица со генетска предиспозиција.

 

Зошто се нарекува „тивка болест“?

Затоа што долго време нема никакви симптоми. Луѓето обично дознаваат дека имаат остеопороза дури по првиот скршен зглоб, рамо или колк, што често се случува при минимален удар или пад. До тој момент, болеста тивко напредува со години.

 

Кои се најчестите ризик фактори?

  • Луѓе со возраст над 50 години
  • Кај жени во менопауза и со намалено ниво на естроген
  • При ниска телесна тежина
  • При недостаток на калциум и витамин Д
  • Кога нема доволно физичка активност
  • При прекумерно консумирање алкохол, цигари и кафе
  • Доколку постои семејна историја на остеопороза
  • Ако долготрајно се користи терапија со кортикостероиди

 

Исхрана што ги чува коските

Коските бараат постојана поддршка преку внимателно избалансирана исхрана која содржи:

  • Калциум, па затоа консумирајте млеко, јогурт, сирење, бадеми, зелено лиснато зеленчук
  • Витамин Д кој ќе го добиете од сончева светлина, јајца, риба, додатоци во исхраната
  • Магнезиум и цинк кој го има во семки, ореви, целозрнести житарици

 

Движењето е лек

Редовната физичка активност е клучна во превенцијата и забавувањето на остеопорозата.

  • Вежби со тежина (брзо одење, танц, лесно кревање тегови) ја стимулираат коскената густина.
  • Јога и пилатес ја подобруваат рамнотежата и го намалуваат ризикот од падови.

 

Како се дијагностицира?

Најточен метод за откривање е дензитометрија (DEXA-скен), безболна и едноставна метода што ја мери густината на коските.
Се препорачува на: жени над 50 години, мажи над 60 години, лица со семејна историја на фрактури или хормонски нарушувања.

 

Може ли да се лекува?

Иако остеопорозата не може целосно да се излекува, може да се контролира и забави.
Лекувањето обично вклучува: суплементи со калциум и витамин Д, медикаменти што ја зголемуваат коскената маса, редовна физичка активност, промена на животниот стил (исхрана, сон, престанок на пушење).

 

Остеопорозата не доаѓа ненадејно. Затоа, превенцијата е најсилното оружје преку здрава исхрана, редовно движење, сон и навремени лекарски прегледи.
Коските се темелот на нашето тело, па затоа грижете се за нив додека ви служат добро.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет