cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Осетлива кожа. Како да ја смириш и заштитиш без иритирање?

Кожата е најголемиот орган на телото и првата бариера што нe штити од надворешниот свет.

Осетлива кожа

Осетливата кожа не е болест сама по себе, туку состојба која бара повеќе внимание и правилна грижа.


Како да препознаеш осетлива кожа?

Осетливата кожа често се манифестира со: црвенило и чувство на печење, сувост и затегнатост, појава на ситни осипи или луштење, реакции на одредени креми, мириси или температурни промени.


Што ја прави кожата осетлива?

Причините може да бидат различни:

  • Генетика, некои луѓе природно имаат потенка и поранлива кожа,
  • Сувост, недостатокот на природни масла ја прави бариерата послаба,
  • Козметика, агресивни сапуни, алкохол или парфеми можат да предизвикаат иритација,
  • Време, студ, ветер, сонце и загадување ја оптоваруваат кожата,
  • Стрес и исхрана,  внатрешни фактори кои исто така влијаат врз реактивноста на кожата.


Како да ја смириш и заштитиш?

  1. Избери нежна нега
    Користи благи среедтсва за чистење без сулфати и сапуни. Гелови или млека со хидратантни состојки како алое вера, хијалуронска киселина, овес се подобар избор.
  2. Хидратација е клучот
    Креми со керамиди, ниацинамид или масла како јојоба и бадемово масло помагаат да се зајакне заштитната бариера.
  3. Избегнувај агресивни состојки
    Алкохол, силни киселини и парфеми можат да ја влошат состојбата. Ако користиш активни состојки како ретинол, АХА киселини, воведи ги постепено.
  4. Заштита од сонце
    Дури и осетливата кожа има потреба од заштита. Избери минерален SPF со цинк оксид или титаниум диоксид кој е поблаг за тенот.
  5. Внимавај на навиките
    Избегнувај премногу топла вода, често допирање на лицето и грубо бришење со крпи.


Кога да побараш стручна помош?

Ако црвенилото и иритацијата не се смируваат или се појавуваат често, најдобро е да се консултираш со дерматолог. Понекогаш зад осетлива кожа стојат состојби како розацеа, дерматит или алергии кои бараат третман.

Осетливата кожа не треба да те спречи да се чувствуваш убаво и сигурно. Со правилна нега, нежни производи и малку трпение, можеш да ја смириш и да ја зајакнеш, без дополнителна иритација.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет