cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Ормарче за пресоблекување/превивање не бебето. Мал простор со големо значење

Ормарчето за пресоблекување и превивање не е само парче мебел, туку функционален и безбеден простор каде се одвиваат едни од најнежните моменти меѓу родителот и бебето.

Ормарче за пресоблекување/превивање не бебето

Ормарчето за превивање е едно од оние бебешки парчиња мебел што често се потценуваат сè додека не започнат првите денови со новороденче. Тогаш станува јасно дека добро организиран агол за пресоблекување значи помал хаос, повеќе сигурност и помал замор за родителите.

 

Што претставува ормарчето за превивање?

Тоа е функционален елемент кој обично комбинира:

  • рамна површина за безбедно пресоблекување,
  • фиоки или полици за пелени, облека и козметика,
  • стабилна висина што го штити грбот на родителот.

Некои модели се посебни, други се комбинирани со комода или креветче.

 

Зошто е корисно да имаш ормарче за превивање?

1. Ергономија и удобност. Постојаното наведнување над кревет или кауч може да предизвика болки во грбот, особено по породување.

2. Сè на едно место. Пелените, марамиците, кремите, резервната облека сè на дофат на рака.

3. Поголема безбедност. Стабилната површина со заштитни рабови го намалува ризикот од лизгање.

4. Полесна рутина. Кога сè е организирано и ноќните пресоблекувања се помалку стресни.

 

Што треба да има едно добро ормарче за превивање?

Едно вакво ормарче треба да има стабилна конструкција и заштитни рабови, лесно чистлива површина, доволно простор за складирање на сите неопходности за бебе, па дури и можност за подоцнежна употреба како комода.

 

Што да држиш во ормарчето?

Ормарчето треба да биде место за чување на: пелени, влажни и суви марамици, крем за мачкање пред ставање пелена, резервно боди и пижами, пелени за подлога и мала канта за отпад

Не го преполнувајте бидејќи практичноста е поважна од количината.

 

Дали е неопходно?

Ваквото ормарче не е задолжително, но е многу корисно. Родителите кои немаат ормарче често импровизираат, но со време сфаќаат дека специјалниот простор значително ја олеснува секојдневната грижа.

 

До кога се користи?

Најинтензивно се користи во првите 6 до 12 месеци, а подоцна може да се користи како обична комода или агол за чување облека и играчки.

 

Ормарчето за превивање не е луксуз, туку практична поддршка во најинтензивниот период од родителството. Кога грижата е организирана, има повеќе простор за она што е најважно нежност, внимание и мир.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет