cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Општи услови на акцијата Прегратка на дар 2013

Услови за учество на конкурсот кој се одвива во рамките на проектот Преграктка на дар 2013година.

Општи услови на акцијата Прегратка на дар 2013


Општи одредби

Дану Филантропија ЈИЕ Скопје (понатаму како организатор),  оваа година по трет пат ја организира хуманитарната акција Прегратка на дар, под генерално покровителство на Битолска Млекара. Тимот на рингераја.мк ги покани сите градинки низ Македонија да земат учество во рачната изработка на играчки – прегратки за болните дечиња низ болниците во земјата и со помош на воспитувачите и родителите дечињата од градинките да им ја пренесат нивната љубов и желби за подобро здравје за време на новогодишните празници.


Кој може да учествува?

Во акцијата учествуваат главно градинките низ цела Македонија. Право на учество имаат и сите кои ќе покажат хуманост и желба да ги израдуваат болните дечиња.


Листа на пријавени учесници

Пријавените учесници може да погледнете на следната листа http://www.ringeraja.mk/pregratka-na-dar-2013/lista-prijaveni


Активности за време на акцијата

Сите пријавени учесници добија прирачник за изработка на играчки – прегратки каде што одбравме повеќе идеи за лесно и брзо изработување на прекрасни играчки. Учесниците не се обврзани да ги изработуваат играчките според прирачникот, нивната фантазија беше добредојдена и примивме навистина креативни и уникатни играчки.

Електронските инструкции за изработка може да ги видите ОВДЕ


  • Средината на месец Октомври ќе бидат контактирани градинките со упатства за успешна реализација на проектот и прирачник со идеи за рачна изработка на кукли и честитки. Овој период ќе бидат повикани да се вклучат во акцијата и сите семејства корисници на интернет медиумот Рингераја.мк како и секој кој сака да се вклучи во акцијата.


  • Оваа година Рингераја подготви едукативна илустрирана сликовница која што позитивно ќе влијае на втемелување на клучните поими како хуманост, емпатија, другарство, подарување итн. Градинките ќе бидат советувани да направат драматизација од оваа приказна која што ќе се изведува на работилниците низ Македонија.


  • Во периодот на подготовка на играчките, на интернет медиумот и на партнер ТВ и радио медиуми ќе биде објавуван текот на акцијата, ќе се разговара на различни теми поврзани со важноста на градење на општествено свесна нација уште од мали нозе и која е улогата на родителот и учителките во најраниот детски развој.

 

  • Додека се изработуваат играчките караванот на Прегратка на дар ќе организира и посети 20 - 25 креативни работилници во градинките низ Македонија заедно со нашата маскота. 

 

  • Посебен настан се организира оваа година за финална изложба на играчките изработени од градинките и сите детски рачиња. Секоја градинка која учествува во акцијата ќе има свој изложбен простор да претстави неколку играчки.

 

  • За време на Новогодишните празници играчките со посебна топла порака во украсени пакети ќе бидат доставени во болниците.

 

  • Додека трае делењето на играчките низ болниците, на Рингераја се организира натпревар за најубаво изработена играчка. Фотографиите испратени од страна на градинките ќе бидат објавени и секој читател на Рингераја ќе може да гласа за најубавата играчка во период одреден за гласање. Нашиот покровител ќе ги награди победниците.

 

  • Финална прес конференција - Прегратка на Дар ќе ја има честа да ги претстави постигнувањата на завршна прес конференција каде што исто така ќе се изложат и најважните резултати од акцијата.

 


Прибирање и користење на лични податоци

Сите податоци собрани во текот на акцијата ќе бидат искористени само за потребите на акцијата (податоците се заштитени во согласност со законите кои ги регулираат личните податоци)



Дану Филантропија ЈИЕ - Скопје

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет