cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Официјален Регистар на педофили во Р. Македонија

Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.

Официјален Регистар на педофили во Р. Македонија


Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски го презентираше Регистарот на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија. “Потребата од постоење на ваков регистар е повеќе од нужна, но и недвосмислена за повеќе институции, а пред се за Центрите за социјална работа, училиштата, градинките како и за граѓаните воопшто преку достапност на информации за лицата кои живеат во нивната околина, а кои се осудени за кривични поврзани за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија”, рече министерот за труд и социјална политика, Ристовски. 

Регистарот содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија. Во моментов регистарот има податоци за 100 осудени лица по основ на сексуална злоупотреба на деца и педофилија.

Осудените лица се должни согласно со Закон за посебен регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија по истекот на  изречената казна најмалку еднаш годишно, пет дена пред нивниот роденден  и до крајот на нивниот живот да се пријавуваат кај надлежниот судски орган. Со оваа  законска  обврска овие лица  ќе бидат контролирани до крајот на нивниот живот, а се со цел да се следи нивната состојба, движење и местоположбата.  

‘Она што е значајно е дека  овој Регистар е од јавен карактер достапен е на сите граѓани кои преку пребарување во регистарот ќе  можат на многу едноставен начин да добијат информации за лицата коишто живеат во нивната околина, а кои се осудени за кривични поврзани за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија и преку овој регистар се создава основа за воведување на единствена евиденција за лицата осудени  со правосилна пресуда за   кривични  дела од овој тип”, потенцираше министерот Ристовски.

Истовремено, министерот Ристовски упати апел до граѓаните да не го злоупотребуваат Регистарот , притоа потсетувајќи дека сите оние лица коишто ќе ги злоупотребат податоците кои се содржани во регистарот, со цел заканување, заплашување, вознемирување на осудените лица или на членовите на нивните семејства или на друг начин ќе ги злоупотребат објавените податоци ќе бидат казнети со парична казна или затвор до шест месеци.

Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија официјално ќе и биде достапен на јавноста на www.registarnapedofili.mk.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет