cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Одиме на планина, на санкање и скијање!

Свежиот планински воздух го јакне имунитетот и им годи на децата и возрасните. Скијањето е забавен и малку потежок спорт, но и санкањето е доволно за снежните и зимските радости

Одиме на планина, на санкање и скијање!

 

 

Одењето на скијање за време на зимските празници со децата, може да биде многу забавно, но претставува и голем предизвик. Децата обожаваат снег. Иако се сеуште мали за скијање, постојат многу активности кои ќе ги забавуваат. Една од највеселите и најчестите е санкање и правење снешко. Нема причина за да не се забавувате.

Ако сте скијале пред раѓањето на вашето дете, подгответе се на малку поинакви денови од претходните години. Најрана возраст кога детето може да застане на скии е 4-та година. Немојте да го присилувате детето на таа активност, ако не сака.

 

Облека за на снег

Детската облека за на снег, бло да е тоа за санкање или скијање, мора да биде топла, но сепак лесна, за да се овозможи испатување на потта. Купете или позајмете квалитетен комплет за скијање, отпорен на ветар и влага. Многу е важно детето да биде добро облечено, со повеќе слоеви на облека, за да не му биде ладно. Секако, на себе треба да носи капа, шал и ракавици. Би било добро ако имате резервни нараквици и чорапи, во случај детето да се изводени.

Што се однесува до скијачката опрема, немојте да купувате неколку броеви поголема, за да ја користите и идната година, бидејќи можете на детето да му го отежнете скјањето. Скиите  за мали деца се пократки, бидејќи со нив полесно се управува. Кога ќе купувате скии земете ја во предвид висината, тежината и способноста на детето. Но, ако не скијате често, најдобро е опремата да ја изнајмите.

 

Први снежни чекори

Никогаш не е доцна детето да научи да ские. Но и самиот престој на свежот планински воздух може и тоа како да биде крисен за детето. Лесните прошетки на снег може да започнат кога детето ќе наполни една година.

На две години детето веќе може да испроба санкање. За почеток можете да го седнете на санката и да го влечете по снегот, а ако сакате да се спушта од некоја височинка, седнете и вие заедно со него на санката.

Првот контакт со скии детето може да го има на четири годишна возраст. Бидејќи тоа е тежок и опасен спорт, најдобро е да го обучуваат инструктори по скјање.

 

1

 

Листа на потребни работи кога одите на зимски одмор во планина

  • Торба за детето
  • Крем за сончање со фактор 25
  • Скјачки ракавици (не волнени)
  • Скијачки наочари
  • Скијачки костим
  • Скјачка кацига
  • Топла капа
  • Соодветни чизми за снег
  • Чорапи
  • Пелени
  • Влажни марамчиња
  • Играчки за мали деца
  • Шишенце или чаша од кои детето пие

 

Запомнете

  • Децата мораат да носат заштитна кацига
  • Пожелно е децата да носат и скијачки наочари и да се намачкани со крем со висок заштитен фактор, за да се заштитат од штетните сончеви зраци кои се рефлектираат од снегот
  • Облечете му на детето неколку слоеви облека под водоотпорниот костим

 

Прва помош

  • Топломер
  • Физиолошки раствор
  • Мед
  • Витамини
  • Сируп за симнување температура или чепчиња
  • Прополис
  • Фластери

 

Зошто е зимата здрава?

  • Воздухот е во зима побогат отколку во лето, што е корисно за нашето здравје. Во зима воздухот е исто така почист. На снегот се таложат и впиваат честичките од издувните гасови, чад и прашина. Затоа во зима може да се ужива на свежиот воздух.
  • Зголемениот физички напор, на пример скијањето, го зајакнува имунитетот, поттикнува размена на супстанции и ги снабдува ткивата со кислород. Детето така станува отпорно на инфекции.
  • Зимското сонце ќе го осветли лицето на детето со своите благотворни зраци. На тој начин се создава витамин Д кој ги штити децата од рахитис.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет