cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Обидите за бременост не се соло патување

Обидите за бременост често изгледаат како тивка борба. Календар, тестови, надежи, разочарувања. Сето тоа понекогаш го носи една личност, најчесто жената. Но вистината е обидите за бременост не се соло патување.

Обидите за бременост не се соло патување

Иако фокусот најчесто е ставен на жената, научните истражувања сè почесто укажуваат дека активната и информирана поддршка од партнерот игра клучна улога не само за емоционалната благосостојба, туку и за исходот од самите обиди.

 

1. Емоционалната присутност е подеднакво важна како и медицинската поддршка

Истражувања објавени во реномирани списанија за репродуктивно здравје покажуваат дека стресот и чувството на осаменост можат негативно да влијаат врз репродуктивното здравје. Партнерот може да помогне преку:

  • активно слушање без минимизирање на чувствата „ќе биде“ или „опушти се“ често имаат спротивен позитивен ефект,
  • признавање дека процесот е тежок, дури и кога нема јасна дијагноза,
  • споделување на сопствените емоции, со што се гради чувство на „ние“, а не „ти“.

Емоционалното признание е еден од најмоќните облици на поддршка.

 

2. Информираноста ја намалува анксиозноста

Партнер кој се информира за: фертилниот циклус, медицинските испитувања, можните терапии или асистирани репродуктивни техники, испраќа јасна порака дека процесот е заедничка одговорност.

Според податоци од Европското здружение за хумана репродукција, паровите кои заедно присуствуваат на лекарски консултации пријавуваат пониско ниво на стрес и подобра комуникација.

 

3. Поддршка без притисок

Една од најчестите грешки е несвесното создавање притисок преку постојано броење месеци, анализирање на секој симптом или фокусирање исклучиво на резултатот. Партнерот кој ја поддржува својата партнерка во овој процес не ја сведува интимноста само на обид, прифаќа дека не секој месец ќе донесе одговор и остава простор за пауза кога психичкиот товар станува преголем.

Менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото.

 

4. Практичната помош не е ситница

Во периоди на хормонски терапии, чести прегледи или емоционална исцрпеност, практичната поддршка прави реална разлика. Тоа може да значи:

  • преземање на дел од секојдневните обврски,
  • флексибилност околу распоредот,
  • грижа за здрава исхрана и заеднички физички активности.

Овие мали чекори директно влијаат врз чувството на сигурност и поддржаност.

 

5. Заедничко справување со неизвесноста

Неизвесноста е еден од најтешките аспекти на обидите за бременост. Партнерот може да помогне со:

  • реалистичен, но не песимистички пристап,
  • подготвеност за разговор и за алтернативни сценарија, без наметнување одлуки,
  • поддршка за барање психолошка или советодавна помош, кога е потребно.

Современите медицински препораки сè почесто вклучуваат психосоцијална поддршка како дел од третманот.

 

Поддршката во периодот на обиди за бременост не значи „поправање“ на ситуацијата, туку присуство, разбирање и заедништво. Кога партнерот е емотивно вклучен, информиран и подготвен да сподели одговорност, процесот станува помалку осамен и значително полесен за дватајцата.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет