Новороденче - од аспект на мама

@mamamegi за своето искуство по породувањето

Новороденче - од аспект на мама

 

Ако мислевте дека "маките" кои ги поминавте во бременоста завршуваат, сте се излажале. Слатките "маки" допрва почнуваат.
Најголемата и најслатка "мака" за мама и новороденчето е учењето како да го доите. 
Не знаете да се наместите во правилната положба, и Вие и бебето. Те боли грб, те болат брадавиците.
Па не знае или не сака бебе да цица. Па заспива на сред цицање.Страв ти е да не го засркнеш или задушиш.
Додека го доиш од едната града,од другата тече млеко. Блузата ја менуваш на пола саат бидејќи ти е мокра од млекото. Се редиш под бодито тетра пелени,некои си памуци кои се ставаат на гради,за да не ти претече млекото на блузата.
Качуваш температура и воедно и треска, градите ти се тврди. Не знаеш да се одмолзуваш. Пробуваш на разни начини, па се снабдуваш до три вида пумпи за одмолзување.
Или едноставно, немаш млеко и покрај сите обиди.
Купуваш едно вештачко млеко, па бебе не го пие. Купуваш второ, купуваш трето итн се додека не го најдеш "вистинското".
Стануваш ноќе неколку пати, или дремејќи да доиш или дремејќи да ја подготвиш ад формулата.
Бебе многу спие па си малку послободна за домашните обврски или за другите деца кои ги имаш, или бебе многу плаче. Пелената му е чиста, нахрането е, само што стана од спиење, и пак плаче. Не знаеш што му е, плачеш и ти со него. 
На крај краева и ќе го послушаш "советот" од свекрвата, да се носи на бајачка.
Не можеш да му најдеш асален памперс, некои пропуштаат, од некои се исфрла.
Пробуваш цуцла лажливка, велат таа е втората мајка.
Едвај го чекаш денот за контрола кај педијатар,да видиш колку напреднало и да прашаш се што не ти е јасно, иако претходно дома на нет си отворила 10000 статии или си пишала по форуми и групи.
Па те загрижува бојата на каката или дупчињата на главата. Појма немаш дека тоа се фонтанели и ги има секое бебе.
Не знаеш како или ти е страв да го искапиш тоа мало суштество ама сепак некако успеваш и уживаш во тоа.
И така трае запознавањето со бебето и се што е поврзано со него првите неколку месеци.
Истото важи и за бебето. И тоа допрва се запознава со новиот свет и можеби затоа толку спие или многу плаче.

View this post on Instagram

A post shared by (@mamamegi)

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет