cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Ноќни стравови кај децата

Во средината на ноќта сте разбудени од Вашето дете кое пишти во неговата соба. Трчате за да видите што не е во ред и го наоѓате детето седнато во кревет, со празен и фиксиран поглед и многу возбудено...

Ноќни стравови кај децата

Се обидувате да го разбудите, го прашувате што не е во ред, но тоа не одговара, туку едноставно продолжува да пишти. Уплашени сте и не знаете што да правите. По неколку минути Вашето дете повторно заспива и наутро кога ќе се разбуди не се сеќава за овој настан. Карактеристики на ноќните стравови:

  • Вашето дете изгледа страшно, но не може да се разбуди или утеши
  • Вашето дете може да седи во креветот, или да оди низ собата, да вика или да зборува бесмислици
  • Вашето дете не Ве препознава, може да биде со отворени очи и со празен, фиксиран поглед да гледа во Вас
  • Може дополнително да се исплаши од предметите или луѓето во собата
  • Епизодите траат од 10-30 минути
  • Обично им се случуваат на деца од 1-8 години
  • Вашето дете не се сеќава на овој настан
  • Обично се случува по повеќе од два часа по заспивање

Ноќните стравови се безопасни и секоја епизода ќе престане сама по себе.

 

Зошто детето има ноќни стравови?

Ноќните стравови се наследен проблем и се случуваат со околу 2% од децата. Изгледа како детето да сонува лошо за време на длабокиот сон и не може да се разбуди. Ноќните стравови не се предизвикани од ментална напнатост, но се поврзуваат со преголем замор.

 

Дали моето дете ќе го надрасне овој проблем

Да, повеќето деца ќе престанат да бидат измачувани од ноќните стравови до 12 годишна возраст и порано.

 

Што да направам кога моето дете ќе има кошмар?

-        Помогнете му на детето повторно да заспие. Не се обидувајте да го разбудите детето. Запалете го светлото, за Вашето дете да не се плаши од сенките. Останете смирени и зборувајте му на детето со утешен тон: “Ти си добро, ти си дома, ти си во своето креветче, ти можеш да заспиеш повторно”. Зборувајте тивко и мирно и продолжете да ги повторувате истите утешни зборови. Може да се обидете да ја држите неговата рака или да го гушнете, но ако не сака, не инсистирајте. Не се обидувајте да го разбудите со викање или тресење, бидејќи тоа само повеќе ќе го збуни и ќе го одолговлечи нападот на ноќен страв.

-        Заштитете го од повреди  - држете го детето подалеку од скали, прозорци или остри предмети. Обидете се нежно да го насочите назад во креветот.

-        Предупредете ги другите членови на семејството, или дадилката, ако понекогаш се грижат за детето во текот на ноќта. Објаснете им што да направат во случај на напад.

 

Може ли да се спречат ноќните стравови?

Кај 90% од децата кои имале ноќни стравови, ефикасна била следната постапка:

Во текот на неколку ноќи забележете во кое време почнуваат кошмарите. Разбудете го детето 15 минути пред очекуваната епизода, извадете го од креветот и целосно разбудете го на 5 минути. Правете го тоа во текот на последователни седум ноќи. Ако ноќните стравови продолжуваат, повторете ја постапката со уште седум ноќи на будење.

Дали ова му се има случено на Вашето дете и како се справивте со таа ситуација?

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет