cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Ноќни стравови и кошмари кај децата

Дали детето ве буди ноќе со крик и плач? Што значи тоа?

Ноќни стравови и кошмари кај децата

 

Детето доживува ноќни стравови, сонува кошмари, но тоа се два сосема различни феномени.
 
Ноќните стравови вообичаено се појавуваат порано вечерта, горе-долу два или три часа откако детето ќе заспие. Станува збор за преоптоварување на нервниот систем, токму како што е кај месечарите, но тука реагирањето со страв се појавува без очигледна причина. Одеднаш бум! Детето седнува во креветот и испушта крик, со кој би се гордеел секој актер од хорор филм. Срцето на детето чука забрзано, тоа се тресе и е безутешно.
Бидејќи ноќните стравови се појавуваат во длабокиот сон, тоа дури може да не се разбуди, а наутро не се сеќава на ништо. Навистина е тешко искуство родителот да го гледа детето западнато во ужас, но овој ужас не е поврзан со реална ситуација од неговиот живот.
 

Што да се преземе?

Не обидувајте се да го разбудите детето - тоа ќе се збуни и дезориентира. Ноќните ужаси траат само неколку минути. Во тоа време останете до детето, за да бидете сигурни дека тоа нема да биде повредено, ако почне да оди во сон.

Важноста на соништата

Психологот Алфред Адлер смета дека соништата ги презентираат проблемите со кои се соочувате во животот, и дека сонувањето е вежба или пронаоѓање начини за справување со нив.
 

Страв од темница

"Мамо, во плакар ме демнат чудовишта!" Пред да се упатиле кон детската соба со античудовиштен спреј во рака, прочитајте некои од следниве предлози:
 

Дознајте го проблемот

Стравот од темнината и од страшните суштества кои се кријат во неа, е честа појава во животот на малите деца. Тоа е знак за развој на свест и стекнување на сила на имагинацијата. Својствен е за возраста во која започнува сознание дека животот не е составен само од виножита и еднорози.
 

Други причини:

-Детето можеби е гладно.
-Можеби сака да бидете со него додека спие.
-Можеби се обидува да издејствува дозвола да спие во вашиот кревет.
Ако детето почувствува корист од тоа да е уплашено, можно е да не сака да се ослободи и справи со стравовите. Тоа е потсвесно решение, природно.
 

Што е решението?

Разговарајте и објаснете дека преку имагинација можеме да создаваме фантастични форми, но чудовишта и слични работи не постојат.
Ако започнете со потрага на чудовишта низ собата, за да ги убивате, или да ја прскате собата против духови, вие практично докажувате дека тие навистина постојат. Кажете му на детето дека вашата работа е да му обезбедите сигурност и безбедност и бидете убедливи во своите зборови.
Од малечко детето треба да се справи со тешкотиите на секојдневниот живот. Објаснете му дека  се чувствува исплашено, бидејќи избрало да мисли за страшни нешта. Објаснете му дека ако мисли за убави работи ќе има убави чувства. Малото треба да разбере дека тоа одлучува за што да мисли и така може да "забрани" на страшните мисли да завладеат неговиот ум.
 

Важно објаснување:

Ако детето е жртва на насилство, без разлика какво, тоа ќе има нарушувања на спиењето, кошмари и други знаци на стрес. Одбивањето на храна е јасен показател за сличен проблем - зборувајте со детето и со неговиот педијатар, за да го идентификувате проблемот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет