cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Не! Пази! Стоп! Не фаќај!

На родителите на деца меѓу 1 и 2 години им е многу напорно, бидејќи во тој период нивните деца почнуваат да ги ставаат прстињата во штекери, отв ораат фиоки, повлекуваат работи од масата... Како да ги заштитите децата од опасностите кои демнат?

Не! Пази! Стоп! Не фаќај!

 

 

За малите деца на возраст од 1-2 години, најбитна е една работа – да го истражат светот околу себе, колку што е можно повеќе. Детето не препознава опасност, но сепак преку стекнатото искуство учи да ја препознае. Ако на пример детето почувствува дека нешто на допир е жешко, следниот пат ќе биде многу повнимателно. На оваа возраст децата почнуваат да трчаат, да се качуваат по скали, но за брзо време губат рамнотежа и паѓаат. Колку и да го предупредувате Вашето дете за опасностите, тоа нема да Ви оди од рака. Единствено што можете да направите е добро да пазите над него, во секој момент.

 

Дали децата се свесни за ризикот?

Децата се по цел ден зафатени со откривање на светот околу себе. Ги прават точно оние работи кои се забранети и колку повеќе им викате или забранувате нешто, толку повеќе тоа им е примамливо.  Тоа ќе ги земе ножиците, иако не смее, ќе се качува на прозорецот, ќе ја претрчува улицата. Исто така децата на оваа возраст покажуваат голем интерес за шишињата во кујната, или за фаќање во лековите. Предупредете го за опасноста, но имајте на ум дека детето и понатаму ќе го прави тоа што му се допаѓа. Во секој случај предупредувањето и објаснувањето и тоа како имаат смисла, бидејќи само на тој начин детето ќе научи што смее, а што не смее. Бидете доследни и повторувајте му дека нештото е опасно употребувајќи ги зборовите “Не!” и  “Стоп!”.

На децата на возраст од 2-3 години можете да им помогнете да препознаат опасност така што ќе седнете со нив на под и ќе им покажете кои опасности постојат во куќата. Покажете им ги каблите, штекерите и предметите кои можат да се повлечат и на едноставен начин доловете им ги опасностите во домот. Проверете дали сите средства за чистење се складирани вон дофат на децата и дали сите лекови се на место кое е недостапно за детето. Поставете заштита на вратите и прозорците. Посебно внимание треба да се посвети на сигурноста на прозорците.

 

Предшколските деца и опасноста

Децата на возраст од 3-6 години многу добро знаат да препознаат опасност. Но сепак постојат бројни околности кога можат да се доведат во потенцијано опасна ситуација. Ако на пример одите со детето на улица, а тоа го здогледа другарчето од другата страна на улицата, голема е веројатноста дека ќе претрча преку улица за да го поздрави. 

За среќа, децата кои одат на училиште веќе добро знаат што е опасност, но сепак и тие имаат некои моменти. Ако дојдат во допир со шкорче, веднаш сакаат да го запалат за да видат на пример како гори весникот. Многу деца ги привлекуваат градилишта што се и тоа како опасни места за игра, бидејќи таму сакаат да ги играат со цигли, камен, железни плочи, шајки и со се што може да се најде. Постарите деца многу сакаат да се натпреваруваат со своите врсници и прават работи кои се надвор од нивната моќ.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет