Не го гасите телевизорот ни додека спиете? Време е да размислите зошто тоа не е најдобра навика
Многумина имаат навика да заспиваат со вклучен телевизор. Звукот во позадина и сликата може да создадат чувство на сигурност или дури помалку тишина која некои луѓе ја сметаат за непријатна.

Но, науката вели дека оваа навика и не е толку безопасна. Напротив, може да влијае на квалитетот на сонот, менталното здравје и дури и на телесната тежина.
Како телевизорот влијае на сонот?
Телевизорот емитува сина светлина, која го намалува лачењето на мелатонин, хормонот што му кажува на телото дека е време за спиење. Тоа значи дека иако очите ви се затворени, мозокот прима сигнал дека треба да остане активен. Тоа е причина за површен сон со чести будења.
Зошто е штетно да се спие со телевизор?
- Прекини во длабокиот сон, дури и кога не сте свесни, звукот и светлината предизвикуваат микробудења.
- Помала енергија следниот ден, недостигот на квалитетен сон се рефлектира со замор, пад на концентрација и раздразливост.
- Потенцијално влијание врз тежината, истражувања покажуваат дека луѓето кои спијат со телевизор или светло во просторијата почесто имаат проблем со зголемување на килограмите.
- Намалена продуктивност, недостигот на добар сон ги нарушува вниманието, меморијата и способноста за донесување одлуки.
- Зависност од навиката, колку подолго практикувате да заспивате со телевизор, толку потешко ќе ви биде да заспиете без него.
Алтернативи за полесно заспивање
- Аудио книга или подкаст со смирувачки тон.
- Тивка музика или звуци од природа како шум на дожд, бранови, пеење на птици.
- Рутина пред спиење, читање книга, топол чај од камилица, лесни вежби за релаксација.
- Темна и тивка соба е најдобриот амбиент за здрав и обновувачки сон.
Спиењето со вклучен телевизор можеби изгледа како безопасна навика, но долгорочно може да го наруши квалитетот на вашиот сон и здравје. Наместо тоа, создадете вечерна рутина која ќе ви помогне да заспиете природно и смирено. Запомнете, вистинскиот одмор започнува во темнина и тишина.