cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Најтешките и најубавите недели од бременоста

Бременоста не е рамна линија туку динамичен процес исполнет со промени, подеми и предизвици.

Најтешките и најубавите недели од бременоста

Одредени недели се потешки поради физичките и хормоналните промени, додека други носат чувство на стабилност, енергија и емотивна поврзаност со бебето.

 

Прв триместар (1-12 недела) важи најчесто за најтежок период

Зошто е тежок?

-        Доаѓа до интензивни хормонални промени.

-        Се појавува гадење и повраќање.

-        Се појавува чувство на замор и поспаност.

Се создава чувствп на несигурност и грижа бидејќи е период на рано прилагодување на новата реалност.

Зошто е важен?

-        Се формираат органите на бебето.

-        Овој период е темел на целата бременост.

 

9 до 12 недела е врв во појава на симптомите кај многу жени

-        Гадењето во овој период често е најизразено.

-        Заморот е силен.

-        Емоциите се променливи

 

13 до 20 недела е еден од најубавите периоди

Зошто е полесно?

-        Симптомите од првиот триместар се намалуваат.

-        Трудницата добива повеќе енергија.

Овој период е резервиран за најубавите моменти како:

-        Појава на првите движења на бебето.

-        Поголема емоционална стабилност на трудницата.

 

20 до 28 недела е стабилен и пријатен период

-        Стомакот е веќе видлив.

-        Движењата на бебето се појасно.

-        Мајката често се чувствува најдобро во целата бременост.

Ова често се нарекува „златен период“.

 

28 до 36 недела е физички потежок период

Предизвиците со кои се соочува трудницата во овој период се: болки во грбот, често мокрење и потешко спиење.

Но овој период има и своја убавина бидејќи се појавува силна поврзаност со бебето, а мајката се подготвува за породување.

 

36 до 40 недела е мешавина од исчекување и замор

Физичкиот замор во овие недели е најизразен, се зголемува анксиозноста и нетрпението поради емоционалното исчекување на породувањето.

 

Секоја бременост е различна, па „најлесните“ и „најтешките“ недели не се исти за секоја жена. Она што останува заедничко е дека секој период носи своја вредност и свој посебен чекор поблиску до средбата со бебето.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет