Може ли да се забремени за време на менструација?

Можеби некои ќе се зачудат, но ова прашање “Може ли да се забремении за време на менструација?” е многу често поставувано. Одговорот е накратко: да!

Може ли да се забремени за време на менструација?

Не постои период во месецот кога може во потполност да бидете сигурни дека е време за незаштитен секс. Пред да почнеме да ги објаснуваме причините заради кои може да се забремени за време на менструација, корисно е да се знае како воопшто доаѓа до бременост. Кога женското тело ќе доживее овулација, сперматозоидите може да ја оплодат јајце клетката, што ќе резултира со бременост. Ѕидот на материцата се здебелува и е подготвен да ја вгнезди оплодената јајце клетка. Доколку не дојде до оплодување, нивото на естроген и прогестерон се намалува, а задебележниот ѕид на материцата се лупи, при што  доаѓа до менструално крварење.

Шансите да забремените за време на менструација се помали отколку во другиот период од циклусот, но сеедно, тоа е можно. Еве зошто:

Вашата менструација не е секогаш иста: жените имаат многу различни менструални циклуси и многу од нив имаат крварење меѓу циклусот.  Стресот, болестите и други состојби може да предизвикаат крварењето да изостане, или да крварите, а тоа да не биде менструален циклус, па е многу тешко да ги пресметате плодните и неплодните денови.

Овулацијата не може точно да се определи: жените овулираат 12-16 денови пред менструација, но тоа може да се случи и порано и подоцна.  Освен тоа жените на кои менструацијата потполно им изостанува заради доење, менопауза, некоја болест, или заради пиење на некои лекови, може да имаат потполно непредвидлива овулација.

Сперматозоидите живеат подолго: Истражувањата покажаа дека сперматозоидите во телото може да преживеат  и до 7 дена, иако просечниот век им е 3-4 дена. Бременоста може да се случи за време на менструација, заради тоа што сперматозоидите може да останат во телото неколку денови, а Вам да Ви се случи да овулирате набрзо по менструацијата.

 

Ако сакате да се заштитите од несакана бременост, паметно е да користите некој вид контрацепција секогаш кога имате полови односи.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет