cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Мисија на проектот „Прегратка на Дар“

Станува збор за проект, кој освен општествена одговорност, со себе носи многу хуманост, искреност, љубов и топлина.

Мисија на проектот „Прегратка на Дар“


Тимот на Рингераја ќе ги покани градинките и семејствата корисници на интернет медиумот да се вклучат во хуманитарната акција Прегратка на Дар и да ни помогнат да им подариме топли прегратки на децата кои празничните денови ќе ги поминат во болница. И сигурно се прашувате како ќе ги прегрнеме сите болни дечиња? За таа цел ќе имаме посебна задача. Децата со помош на нивните воспитувачки и родители ќе ги замолиме рачно да  изработат играчки, играчки изработени од срце, а не купени во продавница. Но, тие играчки нема да бидат обични, напротив тоа ќе бидат вистински пријатели, кои ќе им прават друштво на децата во болница. Играчки – прегратки, кои децата ќе можат да ги прегрнат и во нивна прегратка да се чувствуваат сигурни, како во топлите прегратки на нивните родители.


Сигурни сме дека нашите деца во акцијата ќе ни докажат дека се прекрасни млади луѓе, кои несебично и без размислување ја користат својата позитивна енергија и идеи и добродушно и со целото срце помагаат на оние на кои им е потребно малку сонце да им го разубави денот. Сигурни сме дека нашите деца ќе бидат пример за нас возрасните, да најдеме време и желба да предизивкаме среќни искри во срцата и очите на другите луѓе.


Проектот Прегратка на Дар има две главни цели, а тоа се:

  • Здравите дечиња да научат да бидат солидарни, да научат да помагаат, да разберат колку е важно пријателството и посветувањето внимание на болните лица, сочувството со оние на кои им е потребна поддршка, да научат да ги почитуваат потребите на другите. На овој начин децата ќе израснат во искрени и храбри луѓе, одговорни граѓани, кои ќе донесуваат добри одлуки, ќе имаат високо ниво на самопочит и почит спрема околината и ќе ги спознаваат вистинските вредности на животот. Овие мали рачиња кои сега ќе направат мали играчки за своите другарчиња, кога ќе станат возрасни и кога ќе имаат одговорни функции  и поголеми можности, ќе можат да направат големи и добри работи за своите сограѓани и за доброто на целото општество. Иднината останува на децата, но затоа, одговорноста на возрасните е уште од најмала возраст да ги насочат во вистинска насока, за еден ден овој свет да стане подобро место за живеење.

 

  • Развеселување на дечињата кои празничните денови ќе ги поминат во болница. Со добивање на играчка изработена од други дечиња, ќе им ја вратиме насмевката на лицата на болните дечиња и ќе им подариме другарче кое ќе им прави друштво во болничката соба, ќе им дава сила да ја преболат болеста и другарче кое ќе може да го гушкаат додека заспиваат. Дечињата знаат да се радуваат на секоја мала работа, а особено на работи кои се невообичаени и нови за нив. Играчките изработени со вложен искрен труд од други детски рачиња, ќе бидат вистински подароци подарени од срце и изработени со љубов, кои ќе имаат единствена мисија да донесат тон здравје за болните деца.

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет