Министерот Ристовски за Прегратка на Дар

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски присуствуваше на завршниот настан по повод три години постоење на семејниот интернет медиум, www.ringeraja.mk и завршување на проектот “Прегратка на дар”.

Министерот Ристовски за Прегратка на Дар

 

Заврши проектот „Прегратка на дар“ со кој децата се учеа на хуманост и сочувство

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски присуствуваше на завршниот настан по повод три години постоење на семејниот интернет медиум, www.ringeraja.mk и завршување на проектот “Прегратка на дар”.

Проектот  имаше за цел да се поврзат децата, да се поттикнат и научат на сочувство, пријателство и добри дела и истовремено да се развеселат нивните врсници кои новогодишните празници ги поминаа во болниците.

“Ние како ресорно министерство задолжено за детската насмевка и во чиишто прегратки е детската заштита, и  како Влада на Република Македонија постојано се трудиме да ги унапредуваме политиките и да го подобруваме  квалитетот на детската заштита. Во таа насока, планираме да отпочнеме со  изградба на нови детски градинки. Во постоечките 54 детски градинки во 43 Општини згрижуваме 26 000 деца коишто покрај игра, забава и дружење ги учиме на основните вредности, но и на развивање на еколошката свест преку проектот еко-градинка.”

Министерот Ристовски рече дека ваквите акции се неопходни за да се развива свеста кај децата за потребата од хуманост, која треба да се случува секој ден. Токму затоа, Министерство дадe целосна поддршка за овој проект кој придонесува за правилниот развој на децата.

“Правилниот развој, зависи од сите нас. Затоа ние заедно со вас над 10.000 дечиња низ цела Македонија преку хуманитарната акција „Прегратка на дар - Грам љубов за тон здравје“ ги учевме децата на хуманост, една од основните особини која се стекнува при градењето на карактерот на човекот, односно кога сме деца”, рече министерот Ристовски.

Од семејниот интернет портал Рингераја на министерот Ристовски му доделија благодарница за поддршката во спроведување на проектот „Прегратка на дар“.

 

Извор: Министерство за Труд и Социјална политика

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет