cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

mamamegi: Дете од 3-4 години - од аспект на мама

Кога сфаќаш дека не можеш да излажеш веќе едно дете, тогаш сфаќаш дека тоа е дете од 3-4 години

mamamegi: Дете од 3-4 години - од аспект на мама

 

Се' разбира. Се' знае, дури не ти се верува некогаш што се крие во тоа детско главче
и колку може да биде паметно едно мало ѕверче. Дури некогаш попаметно е и од возрасен човек.
Пример, некогаш тоа му објаснува на баба, дедо кај треба да кликне и што треба да направи на
телефон/таблет/компјутер.
Некогаш дури не ти се верува и се наоѓаш во ситуација сама на себе да не можеш да си објасниш
како дете од 3-4 години може да знае некои работи кои не "прилегаат" на таа возраст? 
Тука следуваат и "интересни" прашања од нив.
Мамо, како излегов јас од мешето? Мамо, кога ќе имам братче/сестриче? Мамо, како се прави бебе?
Мамо, што е тоа смрт? Мамо, како тоа баба/дедо е на небото?
Во вакви ситуации биди паметен и смисли одговор кој ќе му го кажеш и кој може да  го разбере.
Па тие се' разбираат, ама на некој друг поинаков нивни начин. Така да, подобро е на дете да му се објаснуваат
некои работи уште од мала возраст.
На оваа возраст дечињата, па и возрасните се "чувствуваат" малку по слободни, па така не мора цело време
да ги набљудувате додека си играат.
Чувствувате дека тие веќе се вразумени, ја разбираат границата на тоа што смеат, а што не. 
Во овој период,особено кај децата од три годишна возраст ќе се соочите со проблем околу исхраната.
Деца на оваа возраст може да немаат доволно апетит за јадење или да прибираат храна.
Бидете трпеливи,ќе помине и ова.
Децата на оваа возраст уживаат во читање книги и приказни. Така да, набавете си добри  детски книги
или измислувајте си сами приказни. 
П.с. Простете доколку нешто сум заборавила да спомнам, но не е лесно да раскажеш период од 1 година
во еден текст.
Следен текст, сличен на овие очекувајте дури во декември, кога Анамариа ќе наполни 5 години,
па да знам што да пишувам. До тогаш, да сме живи и здрави и ќе се дружиме со други постови.
Attachments area

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет