cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

mamamegi: Бременост - од аспект на мама

Блог на @mamamegi

mamamegi: Бременост - од аспект на мама

Непланирано или планирано дознаваш дека си бремена. Купуваш еден тест, па друг, па трет.

Дознаваш дека во твојата утроба носиш суштество кое од тој момент е дел од тебе и го сакаш повеќе од себе.
Момент исполнет со емоции.
Сеуште не си сигурна, па го чекаш ехо прегледот.
На екранот гледаш една мала точка која носи големи нешта.
На момент се радуваш, на момент плачеш. Плачеш од среќа, плачеш од страв. Збунета си, 1000 прашања во глава.
Дали ќе успеам да го зачувам?
Каква бременост ќе имам?
Дали ќе имам поддршка?
Како ќе реагира сопругот?
Како ќе се породам-царски или природно?
Како е да раѓаш?
Дали ќе можам да му го дадам сето тоа што го заслужува?
Дали ќе го научам да биде како што треба да биде?
Стануваш паничар. Стануваш емоционална, плачеш и на песна и филм. Се нервираш од малку. Хормоните си го прават своето.
Првото станување од кревет и ти се повраќа. Па повраќаш и преку ден. Првите 3 месеци или цели 9 месеци. Ти се гади додека правиш ручек, вечера.
Го слушаш првото срцебиење на тоа мало ѕверче кое ти го прави сето ова и забораваш на се.
Секоја вечер стануваш по 2,3 пати за мокрење.
Па знаеш некогаш да станеш и да јадеш навечер.
Почнува да се познава стомачето.
Се збогуваш од фармерките и од високите потпетици. Или пак те собира, ама не е тоа тоа.
Почнува да ти се менува телото. Ти растат градите. Се појавуваат целулит и стрии. Во лицето или ќе се разубавиш или ќе имаш пеги, флеки и акни, трето нема.
Навечер се чувствуваш како слон. Едвај ја менуваш страната на спиење.
Денски се чувствуваш како буре, патиките не можеш да си ги врзеш, ама затоа секоја трета минута си го галиш стомакот. Па разговараш со тоа ѕверче. Па ти одвраќа со клоцање.
Се приближуваат деновите за породување. Ти се враќаат мислите што си ги имала на почетокот, како и што ќе биде?
Почнуваш да се спремаш.
Купуваш се што ти е убаво за бебе кое си го видела на интернет, и од продавниците. Од боди до ќебенце.
Купуваш количка, креветче, транспортер итн.
Па се спремаш за во болница. Купуваш 10 пара гаќи и 3 пакетки влошки, по препорака од другарката која пред тебе има родено.
Доаѓа времето за поротување, те фаќаат болките, или ти поминува терминот па одиш сама во болница.
 

Доаѓа време да го ја покажеш цела своја сила и храброст за да му дадеш живот на тоа мало ѕверче, било природно било царски.

И повторно, како кога дозна дека си бремена, на момент плачеш, на момент се смееш.
Го слушаш првпат гласот на тоа мало ѕверче.
Време беше да се запознаат бебе и мама.


Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет