Мајчиното млеко е повеќе од храна

Мајчиното млеко не е обична храна. Тоа е жива, динамична течност која се менува според потребите на бебето.

Мајчиното млеко е повеќе од храна

Ниту една формула не може да ја имитира неговата сложеност, прилагодливост и заштитна моќ.

 

Што го прави мајчиното млеко посебно?

Мајчиното млеко содржи:

  • совршен баланс на масти, протеини и јаглехидрати,
  • антитела кои го штитат бебето од инфекции,
  • ензими што помагаат во варењето,
  • хормони кои влијаат на растот и развојот,
  • живи клетки кои го јакнат имунитетот,

Тоа на некој начин е првата вакцина што ја добива бебето.

 

Колострум, првото златно млеко 

Во првите денови по раѓањето, градите лачат колострум. Тоа е густо, жолтеникаво млеко кое е богато со антитела. Колострумот иако е мала количина има огромна хранлива вредност.

 

Како се менува мајчиното млеко?

Со возраста на бебето мајчиното млеко се претвора од колострум во преодно млеко, па во зрело млеко.

Во текот на едно доење почетното млеко е побогато со вода, а подоцнежното е побогато со масти.

Се прилагодува со потребите на бебето. Ако бебето е болно, млекото содржи повеќе заштитни клетки.

 

Придобивки за бебето

  • Мајчиното млеко го зајакнува имунитетот.
  • Се намалува ризикот од алергии.
  • Полесно е варењето.
  • Овозможува подобар когнитивен развој.
  • Му дава чувство на сигурност и близина на бебето.

 

Придобивки за мајката

  • Допринесува со пообрзо враќање на матката.
  • Се намалува ризикот од постпородилно крварење.
  • Помал е ризикот од рак на дојка и јајници.
  • Се зајакнува емоционална врска со бебето.

 

Чести митови за мајчиното млеко

„Млекото ми е слабо“. Не постои такво нешто.
„Немам доволно млеко“. Честопати е прашање на техника.
„По неколку месеци нема корист“. Мајчиното млеко има вредност сè додека бебето цица.

 

Како да се поддржи лактацијата?

  • Практикувајте често доење.
  • Правилно поставувајте го бебето при доење.
  • Внесувајте доволно течности.
  • Повеќе одмарајте и имајте поддршка од блиските.
  • Имајте доверба во сопственото тело.

 

Кога е потребна стручна помош?

Ако има болка при доење, испукани брадавици, застој на млеко и сомнеж за недоволно напредување.

Консултацијата со советник за доење може да направи огромна разлика.

 

Мајчиното млеко е повеќе од храна. Тоа е љубов, заштита и врска. Тоа е одговорот на природата на потребите на бебето, создадено без упатство, но со совршена прецизност.

Секоја капка на мајчиното млеко е важна.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет