cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Мачнини во бременоста: што ги предизвикува и како да ги надминете?

Мачнините се еден од најчестите и најпознатите знаци на рана бременост. За некои жени тоа е само блага непријатност наутро, но за други може да биде секојдневен предизвик кој го менува целиот ритам на животот.

Мачнини во бременоста

Кога и зошто се јавуваат мачнините?

Најчесто се појавуваат помеѓу 5тата и 12тата недела од бременоста, кога хормонот hCG (хуман хорионски гонадотропин) нагло расте. Овој хормон е неопходен за одржување на бременоста, но кај некои жени телото реагира чувствително на неговите промени.

Освен hCG, влијание имаат и: зголемувањето на естрогенот, промени во чувството за мирис и вкус, поголемата киселост на желудникот, заморот и стресот, кои ја намалуваат толеранцијата на организмот.

И покрај тоа што често се нарекуваат утрински мачнини, тие можат да се појават во било кое време од денот, наутро, попладне или навечер.


Кога мачнините се знак за поголем проблем?

Во повеќето случаи, мачнините се безопасни и поминуваат до вториот триместар. Сепак, доколку повраќањето е често, со губење на тежина, дехидрација и слабост, може да станува збор за состојба наречена hyperemesis gravidarum, тешка форма на мачнини што бара лекарски третман и следење.


Како да си помогнете природно?

  1. Јадете почесто, но во помали количини. Празниот желудник ја зголемува мачнината.
  2. Избегнувајте ја храната која има силен мирис како пржено, лук, кромид, тешки зачини.
  3. Држете крекери или тост до креветот. Грицкајте нешто лесно уште пред да станете.
  4. Пијте течности често, но во мали голтки. Водата, млаки чаеви, особено од ѓумбир или нане можат да помогнат.
  5. Одмарајте и избегнувајте стрес. Заморот ја влошува состојбата.
  6. Ѓумбир и лимон се природни сојузници против мачнина. Може да се користат во чај или како освежувачки пијалак.


Што ако ништо не помага?

Доколку мачнините се интензивни и не можете да задржите храна или течност, задолжително консултирајте се со гинеколог. Постојат безбедни медикаменти за бременост кои го намалуваат чувството на мачнина и спречуваат дехидрација.


Позитивната страна на мачнините

Иако непријатни, многу истражувања покажуваат дека жените кои имаат мачнини имаат помал ризик од спонтан абортус. Тоа се должи на високото ниво на хормони кои ја поддржуваат бременоста. Така што, колку и да ви е тешко запомнете, тоа е знак дека вашето тело работи точно како што треба.


Мачнините во бременоста се дел од природниот процес на адаптација на телото. Најважно е да не се игнорираат ако станат премногу изразени. Со мала промена во исхраната, добар одмор и совет од лекар, овој непријатен период може да се помине полесно и со повеќе спокојство.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет