Љубомора поради новиот член

По некои истражувања идеална разлика меѓу две деца е 4 или 5 години. Постарото дете веќе не е толку љубоморно, па затоа на родителите им е полесно и немаат толку многу стресови. Но, повеќето родители сакаат второ дете во пократок период после првото.

Љубомора поради новиот член

Љубомората може да ја намалите на следниве начини:

Во текот на бременоста:
Кажете му на детето дека ќе имате бебе што подоцна. Само некoлку месеци, за детето претставуваат цела вечност. Обидете се за тоа да не дознае од некој друг. Вклучете го детето во некои практични размислувања, одбирање на името, каде ќе спие бебето и слично.

Недели пред породувањето:
Во секојдневието на детето поинтензивно вклучете ги таткото, бабата, дедото или некоја пријателка. Најавете го отсуството поради одење во болница во вистински час.

Недели по породувањето:
Дозволете му на вашето дете да се однесува како бебе. Ако сака на вашата града, дозволете му. Ако сака повторно да го пресоблекувате, играјте си со него. Избегнувајте ја реченицата:  “Ти си веќе голем – голема”. Вашето дете мора да почувствува дека љубовта кон него не зависи од тоа колку зрело се однесува. Сепак, обидете се имплицитно да му објасните дека тоа што расте има навистина многу предности.

Месеци по породувањето:
Дозволете му на детето да се вклучи во нега на бебето. Немојте да очекувате вистинска помош од него и немојте да очекувате веднаш да го засака бебето. Понекогаш бебето оставете го на таткото, бабата...  за да можете повеќе време да му посветите и на постарото дете.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет