Крв во пелената на бебето? Дали е тоа нормално?
Секој нов ден со детето носи нови прашања и дилеми.Дали е нормално бебето да плаче многу, воопшто да не плаче, да има столица три пати на ден, да нема столица три дена.Една од тие ситуации е појавата на крв во пелената на бебето. Дали е тоа нормално?
Повремената појава на трагови од крв во пелената на бебето не е причина за паника бидејќи за тоа може да постојат многу причини:
- Можеби бебето голтнало малку крв од испуканите брадавици на вашите гради во текот на доењето. Тоа нема да му наштети на бебето и можете да продолжите со доење, додека вашата брадавица да заздрави.
- Крв може да се појави и заради гребнатини или напукнување на кожата во ректумот на бебето, ако има тврда или обилна столица. Тоа ретко се случува кај новородени деца бидејќи се уште не почнале да јадат цврста храна и веројатноста за да добијат констипација е мала. Во секој случај можете да ставите малку антибактериска маст на кожата на бебето.
- Женското доенче може да има благо крвав вагинален исцедок заради повлекувањето на хормоните на мајката по породувањето. Тоа обично престанува кога хормоните од мајката ќе се повлечат целосно. Исто така пеленскиот осип може да доведе до крварење ако состојбата на кожата многу се влоши. Крвта во пелената може да претставува проблем единствено ако крварењето стане јако и зачестено или ако бебето се разболи и добие покачена температура.
Во секој случај за да бидете мирни и сигурни за што се работи и од каде потекнува крвта, задолжително посетете педијатар!





