Кратки поуки од големо значење

Понекогаш еден мал совет, може многу да промени во нашите животи. Затоа убаво прочитајте ги овие кратки поуки од еден Монах од манастирот Ватопед, на Света Гора, и потрудете се да ја доловите нивната длабочина.

Кратки поуки од големо значење

Десет брачни поуки

 

1. На својот партнер немојте да му бидете учител. Најдобар начин да го научиете е да го сакате.

 2. Бракот е една постојана, но убава авантура, која ни помага да ја откриеме вистината за себеси, за душевниот свет на својот партнер.

 3. Својот партнер треба да го прифатиме онаков каков што е, со сите негови слабости и посебности, а не каков што ние би сакале да биде. Семејството е борилиште и вежбалиште.

 4. Настојувајте секогаш да го разберете партнерот или партнерката. Не заборавајте дека мажот размислува само со разумот, а жената – со срцето.

 5. Не обидувајте се да го наметнете своето мислење и да го поправате партнерот. Подобро погрижете се да се исправете самите себе. Љубовта живее од сложувањето на спротивностите.

 6. Со вера, трпеливост и љубов – успешно се соочуваме со сите тешкотии во животот.

 7. Најголем непријател на брачниот живот е егоизмот. Не ве искупува напаѓањето на партнерот, туку напаѓањето на своето его.

 8. Тајната на семејниот мир и спокојство е – простувањето.

 9. Бракот е “голема тајна” – која почнува во Црквата.

 10. И внимание: не правете споредба по венчавката. И најдоброто е непријател на доброто.

 

Десет кратки поуки за родителите

 

1. Богато опсипувајте ги децата со љубов. Таа на децата им дава сигурност и ги намалува проблемите.

 2. Воспоставете дисциплина. Кога се применува со определена мерка, доследно и разумно, дисциплината ја извежбува способноста на децата и ја зацврстува нивната самодоверба.

 

3. Барајте прилики за разговор, игра, учење со децата. Воспоставете вистинска комуникација.

 4. Трудете се да дадете добар пример, бидејќи така станувате поубедливи.

 5. Развивајте со децата односи на меѓусебно почитување: така им помагате да бидат одговорни.

 6. Обратете внимание на сè што детето зборува, а не само на она што вие ќе слушнете. Само така ќе го разберете.

 7. Трудете се да упатувате, а не да заповедате. Тогаш детето ќе ви пристапува и повеќе ќе ве почитува.

 8. Негувајте ја самостојноста и независноста на децата. Така ќе созреваат и ќе стануваат поодговорни.

 9. Прифатете ги и разберете ги слабостите; и на своите деца, и своите. На тој начин подобро ќе се разберете самите себе и подлабоко ќе ги сакате своите деца.

 10. Со својот партнер одржувајте нежен однос, исполнет со почитување. Децата се радуваат на тоа.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет