Кожни состојби како розацеа, дерматитис, псоријаза. Основни совети и грижа

Кожата е најголемиот орган на телото и често прва реагира на надворешни и внатрешни фактори. Состојби како розацеа, дерматитис и псоријаза не се само естетски предизвици.

Кожни состојби како розацеа, дерматитис, псоријаза

Иако секоја од нив има различни причини и симптоми, заедничко е тоа што бараат внимателна и континуирана грижа.

 

Розацеа

Хронична состојба која најчесто се појавува на лицето проследена со црвенило, ситни капиларни проширувања и понекогаш акни, слични на израстоци.

Совети за грижа:

  • Избегнувајте алкохол, зачинета храна и топли напитоци кои ја поттикнуваат вазодилатацијата.
  • Користете нежни козметички производи без алкохол и парфеми.
  • Заштита од сонце со крема со висок SPF е задолжителна.

 

Дерматитис

Постојат повеќе видови: атопичен, контактeн, себороичен, но најчесто се карактеризира со чешање, сувост и воспаление на кожата.

Совети за грижа:

  • Навлажнувајте ја кожата редовно со хипоалергени креми или масти.
  • Идентификувајте и избегнувајте можни алергени или иритирачки материи (детергенти, козметика, синтетички ткаенини).
  • Кратко туширање со млака вода, без користење на агресивни сапуни.

 

Псоријаза

Автоимуна состојба која предизвикува забрзано обновување на клетките на кожата, што резултира со задебелени, црвени и лушпести плаки.

Совети за грижа:

  • Користете емолиенти и навлажнувачи за да ја намалите сувоста.
  • Изложување на умерена сончева светлина, но претпазливо и со заштита).
  • Намалување на стресот, кој често е тригер за појава на нови промени.
  • Консултација со дерматолог за специфична терапија (креми, фототерапија или системска терапија).

 

Општи совети за сите кожни состојби

  • Водете дневник за симптомите за да ги препознаете тригерите.
  • Изберете нежна, дерматолошки тестирана козметика.
  • Пијте доволно вода бидејќи хидратацијата одвнатре е исто толку важна.
  • Намалете го стресот преку релаксација, физичка активност или медитација.
  • Редовни прегледи кај дерматолог за следење и адаптација на терапијата.


Розацеа, дерматитис и псоријаза не можат секогаш целосно да се излечат, но со правилна грижа и препознавање на тригерите, симптомите значително може да се ублажат. Кожата е огледало на внатрешното здравје, па секоја промена заслужува внимание и нежна, но доследна грижа.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет