Компирот не е само за трпеза туку и за совршена кожа
Компирот не е само вкусна и корисна намирница во кујната која секојдневно е дел од нашата трпеза. Тој е и моќен природен сојузник за убавината на кожата.
Благодарение на своите витамини, антиоксиданси и природни ензими, компирот може да помогне во избелување на пеги, намалување на подочници и смирување на воспалена кожа.
Зошто компирот е добар за кожата?
- Содржи витамин Ц кој го осветлува тенот и помага во обновување на клетките.
- Скробот во компирот ја омекнува и хидрира кожата, правејќи ја помазна.
- Природните ензими во компирот помагаат во чистење на мртвите клетки и намалување на темни дамки.
- Има антиинфламаторни својства бидејќи го смирува црвенилото и акните.
Како да направите маска од компир?
Состојки:
- 1 свеж компир со средна големина
- 1 лажичка мед или маслиново масло (по желба, за повеќе влажност)
Постапка:
- Излупете го компирот и ситно изрендајте го.
- Исцедете дел од сокот, но оставете ја масата влажна.
- Додадете мед или неколку капки маслиново масло и добро измешајте.
- Нанесете ја смесата на чисто лице и оставете да делува 15-20 минути.
- Исперете со млака вода и нанесете хидратантна крема.
Неколку совети плус
- За подочници, можете да ставите тенки парчиња свеж компир директно под очите и да стојат 10-15 минути. Оваа постапка ќе ја освежи и разлади кожата.
- За масна кожа, користете само компир без додатоци.
- За сува кожа, додајте неколку капки кокосово или бадемово масло.
Со редовна употреба (2-3 пати неделно), маската од компир може да помогне кожата да стане посветла, почиста и посвежа, а тенот порамномерен и здрав.





