Колаген во бременост и доење – безбеден сојузник или ризичен избор?

Колагенот последните години стана еден од најпопуларните додатоци во исхраната, познат по своите придобивки за кожата, косата, ноктите, зглобовите и општото здравје.

Колаген во бременост и доење

Но, многу идни и нови мајки се прашуваат, дали е безбедно да се зема колаген во текот на бременоста и доењето?

 

Што е колаген?

Колагенот е протеин кој природно се наоѓа во телото и е одговорен за еластичноста и цврстината на ткивата, од кожата и косата, до зглобовите и коските. Со возраста, неговото производство се намалува, па затоа се користат додатоци во форма на прав, капсули или пијалоци.

 

Колаген во бременост, безбедност и препораки

Научните истражувања за земање додатоци на колаген во бременост сè уште се ограничени. Меѓутоа, колагенот како протеин од животинско потекло (од риба, говедо или пилешко) генерално се смета за безбеден за здрави бремени жени.

Може да придонесе за:

  • Поддршка на еластичноста на кожата и превенција на стрии
  • Зачувување на здравјето на зглобовите и коските
  • Подобра структура на косата и ноктите

Секогаш консултирајте се со гинеколог или нутриционист пред да започнете со било кој додаток во бременост. Некои производи содржат ароми, засладувачи или други состојки кои не се препорачуваат во овој период.

 

Колаген за време на доење

За време на доењето, телото продолжува да работи „на максимум“ и потребата за хранливи материи е голема. Колагенот може да помогне за:

  • Брзо опоравување на ткивата по породувањето
  • Поддршка на кожата која претрпела промени
  • Одржување на силни зглобови и коски

Како и кај бременоста, изборот на чист, проверен и без адитиви колаген е клучен.

 

Природни извори на колаген

Ако не сакате да земате додатоци, внесот може да се зголеми и преку исхрана:

  • Коскини супи
  • Риба и морски плодови
  • Јајца
  • Месо богато со сврзно ткиво
  • Зеленчук богат со витамин Ц koj помага за синтеза на колаген

 

Колагенот генерално се смета за безбеден во бременост и доење, но секогаш е неопходна консултација со лекар пред воведување на додатоци. Најважно е производот да биде со висок квалитет, без непотребни хемиски додатоци. Заедно со балансирана исхрана, колагенот може да биде корисен сојузник за мајките во одржување на здравјето и убавината.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет