Кои деца се доцни прозборувачи?

Деца на возраст од 2-4 години кои е развиле говорни вештини, а при тоа немаатдијагностицирано неможност, развојни отстапувања, когнитивни или моторниоштетувања, се нарекуваат доцни прозборувачи или LATE TALKERS

Кои деца се доцни прозборувачи?

Доцното прозборување може да биде секундарен знак за некое нарушување, како специфично јазично нарушување,нарушување во социјалната комуникација, аутистичен спектар на нарушувања, потешкотии во учењето,интелектуални или други развојни нарушувања.

 

Фактори на ризици за појава на доцнење во развојот на говорот

 

Вообичаени фактори на ризик се :

Одложен развој на моторните вештини
Ниска родилна тежина / предвремено раѓање
Семејна историја на доцни говорници
Ниво на образование на родителите


За борба против овие фактори на ризик (секогаш можете да превземете мерки за да им помогнете на децата ):

Внимавајте на  добрата пре - и постнатална нега

Изложете го детето на вокабулар, граматика и разновидни социјални ситуации
Создадете одговорни средини за учење
Читајте, читајте, читајте со своето дете
Создадете структурирани и неструктурирани можности за игра (и двете се подеднакво важни)
Почнете со навремена говорна терапија доколку е потребно


Како изгледа едно дете кое е доцен говорник?


Дете кое доцни со зборувањето или има доцна појава на говор, може да има некоја од следниве карактеристики:

Одложено стекнување вокабулар: помалку од 50 зборови до 24 месечна возраст
Не прави  комбинации од 2 збора до 24 месечна возраст
Намалена е употребата  на гестови
Бавен е развојот на структурата на речениците
Одложен е развојот на артикулацијата
Тешкотии во разбирање на говорот
Незрел фонолошки развој

Дали детето ќе ги стигне врсниците?

Ова е  прашање на кое е тешко може да се одговори. Многу родители се прашуваат, дали моето дете е доцен прозборувач или дали моето дете има развојни потешкотии ?

На ова прашање може да ви одговори специјалист педијатар, дефектолог, логопед или невролог.

Затоа штом забележите некои отстапувања во развојот и говорните развој кај детето, обратете се кај неговиот педијатар или побарајте совет и преглед од логопед кој ќе ве насочи што да превземете понатака.

 

Раната детекција и интервенција е клучна во постигнување на посакуваните резултати.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет