Кога височината не ви годи: Сe што треба да знаете за болест на височина
Патувањето во планина носи свеж воздух, неверојатни пејзажи и чувство на слобода. Но, за некои луѓе, качувањето на голема надморска височина може да предизвика непријатна состојба позната како болест на височина или висинска болест.

Оваа состојба се јавува кога организмот не успева да се прилагоди на намалената количина на кислород во воздухот на височини над 2.500 метри. Иако често е блага и минлива, во одредени случаи може да биде и сериозна.
Симптоми на болест на височина
Првите знаци обично се појавуваат неколку часа по пристигнување на голема височина. Тоа се: главоболка, вртоглавица и замор, мачнина или повраќање, недостаток на апетит, тешкотии со спиењето, забрзано чукање на срцето.
Ако симптомите се игнорираат, може да преминат во потешки форми како висински белодробен едем (HAPE) или висински мозочен едем (HACE), состојби кои бараат итна медицинска помош.
Кој е во најризичната група?
- Луѓе кои нагло се качуваат без адаптација
- Спортисти кои сакаат брзо да освојат врв
- Лица со проблеми со срце или бели дробови
- Патници кои користат авион или жичница и нагло се искачуваат
Како да се спречи болест на височина?
- Качувајте се постепено. Дајте му време на телото да се навикне; не повеќе од 300-500 метри дополнителна височина дневно.
- Пијте многу вода, но избегнувајте алкохол и премногу кофеин.
- Имајте лесна исхрана Храна богата со јаглехидрати му помага на организмот да користи кислород поефикасно.
- Одмарајте. Не се форсирајте физички веднаш по пристигнување.
- Во одредени случаи, лекар може да препорача ацетазоламид или други средства за превенција.
Што да направите ако се појават симптоми?
- Намалете со активноста
- Одморете и пијте течности
- Ако симптомите се влошуваат, симнете се на пониска надморска височина што е можно побрзо
- Во потешки случаи побарајте медицинска помош и кислород
Планината е прекрасна, но телото секогаш има свои граници. Болеста на височина е знак дека треба да забавите и да му дадете време на организмот да се прилагоди. Со правилна подготовка и внимание на симптомите, можете безбедно да уживате во сите убавини на височините.