Кампања за здрави читачки навики со најмладите

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ започнува Кампања за здрави читачки навики со најмладите

Кампања за здрави читачки навики со најмладите

 

Во текот на месец декември, Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ќе реализира Facebook кампања за здрави читачки навики кај најмладите деца и ученици. Целта на кампањата е да се подигне свеста за важноста на почетната јазична и математичка писменост и да се поттикнат родителите и останатите членови од семејството на најмладите ученици редовно да читаат со своите деца во домот.

 

Кампањата ќе се одвива на официјалните Facebook страници на УСАИД Македонија и Фондацијата „Чекор по чекор“ и во рамки на истата редовно ќе се споделуваат совети за тоа како може да им помогнеме на најмладите да изградат здрави навики и култура на читање и учење. Доктор Читко, маскотата и херојот на кампањата, редовно ќе споделува совети, идеи и ресурси за да ги поттикне родителите да читаат по 20 минути на ден со своите деца.

 

Во рамки на кампањата ќе биде отворен и повик за споделување фотограии и видеа од родителите додека читаат со своите деца, за што секој учесник ќе биде награден со сликовници и останати изненадувања.

 

Проектот на УСАИД „Со читање го лидерство“ го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во соработка со Министерството за образование и наука и сите основни училишта во Република Македонија. Целта на проектот е да се проценат и подобрат јазичните и математичките вештини на учениците од почетните одделенија, да се унапредат педагошките вештини на наставниците и да се подигне свеста на целокупната јавност за важноста од овие почетни вештини неопходни за развој и успех на најмладите ученици.

 

Во рамки на проектот, запрвпат во државата се адаптирани меѓународни алатки за процена на почетната јазична и математичка писменот. Проектот подготви и „Библиотека на тркала“ која ги посетува училиштата и eлектронска библиотека со аудио-дигитални сликовници и активности достапни за целата јавност. Во 2015 година, проектот отпечати и дистрибуира повеќе од 120.000 копии сликовници до сите основни училишта и јавни библиотеки во Република Македонија. Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ќе се спроведува до ноември 2017 година. 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет