Како технологијата влијае на детската имагинација?

Несомнено е дека технологијата е секојдневен дел од нашите животи и времето кое гоминуваме со личните технолошки уреди ни се зголемува со потребата да бидеме поврзани со нив

Како технологијата влијае на детската имагинација?

Како резултат на тоа, скоро и да немаме можност да го спречиме контактот на нашите деца со технологијата.

Задача на секој родител е на правилен начин да ги трасира патиштата на своите деца и интеракцијата со технологијата.

Она што е предизвикувачки е, како да се справиме и како да го менаџираме времето на децата правилно.

Иако понекогаш уредите нудат едукативни содржини, од друга страна се соочуваме со негативно влијание на технологијата врз развојот на децата.

 

Критичко размислување

 

Не толку изненадувачки, студиите покажуваат дека со зголемување на технологијата се намалува читањето. Се покажало дека децата кои не се изложени на читање секој ден, не размислуваат критички и не ги пришируваат своите мисли.

Овозможете му на детето  секојдневна средба со некоја книга, каде што технологијата нема да биде присутна. Критичното размислување може да го развивате со секојдневни разговори, каде што ќе ги проширувате разговорите со вметнување на минати сеќавања или со раскажување на книгите кои ги читате.

 

Опкружувачките фактори влијаат врз развојот на распонот на вниманието и имагинацијата .

 

Секојдневната изложеност на различни технолошки уреди, предизвикуваат кај децата многу дистракции кои влијаат на фокусот.

Кога имаме преголем визуелен технолошки стимул а, не му се чита доволно на детето или тоа самото не чита, се соочуваме со недостиг на имагинација.

За да му помогнете на детето, покрај технологијата која е неизоставен дел од секојдневието, потребно е да прераскажувате минати случувања и сеќавања како би ја развивале имагинацијата на детето.

 

За да го заштитите детето од влијанието на технологијата обратете внимание на тоа да :

 

  • Бидете информирани и вклучени во дигиталните трендови со кои се соочуваат децата.
  • Бидете внимателни за кои цели Вашето дете ги користи интернетот и технологијата.
  • Ако веќе децата мора да ја користат техмнологијата, обидете се тоа да бидат игри со ограничено време на пристап и едукативна содржина.
  • Изградете со детето таква комуникација да може во секој случај да разгвовара со Вас, за секој проблем со кој се соочува.
  • Користете ја имагинацијата, да се повикате на минати случувања со реални ликови и настани.

 

Технологијата е неизбежен дел од сечиј живот. Важно е да направиме баланс помеѓу реалниот живот, реалните животни случувања и родителите и децата да ја користат како алатка за учење, наспроти заменувањето на реалниот свет со технологијата.

 

Автор: 

 

дипл. Логопед Симона В. Николовска
Логопедски кабинет „ Среќичка “
web mail www.logoped.mk

Follow on Facebook Логопедски кабинет Среќичка

Follow on Instagram Logoped @srekjichkaofficial

 

View this post on Instagram

Од една година (кога детето почнува да оди), потребно е поактивно да учествувате во неговиот развој. Игрите треба да бидат насочени кон активно примање на визуелни, аудитивни и тактилни впечатоци, нивно разбирање, меморирање и примена. Вклучете ја музиката во секојдневието на вашето дете во различни насоки, научете како звучат различни музички инструменти, препознавајте ги различните звуци од природата. Секогаш разговарајте со вашето бебе и внимавајте дали изговорот ви е точен. Пејте ги самогласките и зборувајте му на слогови на бебето. Зборувајте за вашите постапки, опишете предмети, воведете глаголи во говорот на детето. Разговарајте за сликите со дејствија. Моделирајте од тесто, пластелин, глина. Започнете со топка, а потоа израмнете ја во торта и превртете колбас, итн. Пишувајте со прсти бои, моливи. Нацртување, намотување на светли волнени навои во топка. Игри со сортирање Во една кутија ставете предмети со различни бои, форми, големини, тежина, Експерименти со песок и вода. Тие имаат постојан ефект врз рецепторите и му даваат на детето богато тактилно искуство. Работете секојдневно, по можност во исто време. Алтернативни вежби насочени кон физичкиот, когнитивниот, сетилниот, моторниот, говорниот, менталниот развој. Еден ден е доволен за да поминете 10-15 минути за секоја вежба. Лајкнете, коментирајте, споделете, можеби некому ќе помогнете . . . . #govor #razvojgovora #dete #deca #govornevezbe #govorniveshtini #среќичка #среќичкаводич #среќичкасоветува #среќичкаводич #логопедскикабинетсреќичка #логопедскопје #логопед #логопедскивежби #logoped #toddler #тодлер #najmilinajmali

A post shared by Logoped (@srekjichkaofficial) on Jul 17, 2020 at 11:54am PDT

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет