cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како мајките да изгледаат одморено и кога не се?

Ниту една крема не може да го замени сонот и тоа е факт. Но мајчинството и непроспиените ноќи често одат рака под рака.

Како мајките да изгледаат одморено и кога не се?

Постојат едноставни, брзи трикови што можат да ви помогнат да изгледате посвежо, дури и кога спиете по неколку часа.

Ова не е за совршен изглед, туку за малку повеќе самодоверба кога ќе се погледенете во во огледалото.

 

1. Хидратацијата е пред сè

Дехидрираната кожа секогаш изгледа уморно. Напијте се чаша вода веднаш по будење, при утринската рутина нанесете лесен хидратантен серум и крем за лице со сјајна завршница

Хидрирана кожа дава посвеж изглед без дополнителен труд.

 

2. Ладна вода или коцка мраз

Триесет секунди ладна вода на лицето ја подобрува циркулацијата, го намалува отокот и го освежува тенот

Овој мал трик дава голем ефект.

 

3. Ставете фокус на пределот околу очите

Подочниците се најголемиот показател на уморот. Користете коректор една нијанса посветол, малку светла сенка во внатрешниот агол на окото, свиткајте ги трепките и нанесете маскара.

Ова веднаш го „отвора“ погледот.

 

4. Малку боја на образите

Руменилото го враќа животот на лицето. Дури и лесен кремаст румен тон прави да изгледате поздраво.

 

5. Направете брза фризура што изгледа средено

Не мора вашата коса секогаш да е стилизирана. Направете високо опавче, ниска пунџа или полусобрана коса

Чистата и собрана коса веднаш создава уреден впечаток.

 

6. Облека што „работи“ за вас

Кога сте уморни, неутралните тонови и едноставните кроеви изгледаат најдобро. Еден добар кардиган, сако или марама може да направат драстична разлика.

 

7. Усни полни со живот

Дури и балсам со благ пигмент дава свежина. Сувите усни ја засилуваат уморната слика.

 

8. Ставот е половина од впечатокот

Исправениот грб, длабок здив и мирното движење прават да изгледате посигурно дури и кога сте исцрпени.

 

Мала вистина што треба да ја знаете

Понекогаш не треба да изгледате одморено. Понекогаш е доволно да изгледате како мајка што дава сè од себе.

Бидејќи заморот не е слабост туку тој е доказ за вашата грижа и посветеност.

 

Нема магија што ќе ги избрише непроспиените ноќи. Но со неколку свесни навики, можете да изгледате посвежо за 5 до 10 минути. И најважно да се почувствувате подобро во сопствената кожа.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет