cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како доењето помага во враќање на тежината?

По породувањето, многу жени се прашуваат кога и како телото ќе се врати во форма. Иако секое тело има свој ритам, доењето може природно да помогне во процесот на намалување на килограмите и закрепнување по бременоста.

Како доењето помага во враќање на тежината?

Доењето троши дополнителна енергија

Телото користи значителна количина калории за создавање млеко.

Во текот на денот се трошат дополнителни калории бидејчи метаболизмот работи поактивно, па телото постепено ги користи масните резерви создадени во бременоста.  

Ова е една од причините зошто многу мајки забележуваат постепено намалување на тежината во првите месеци.

 

Матката побрзо се враќа во нормала

При доење се ослободува хормонот окситоцин.

Тој помага матката побрзо да се собира и со тоа да се намали чувството на подуеност, а телото полесно да закрепне по породувањето.

Овој процес влијае и на постепено враќање на стомакот во природна форма.

 

Доењето создава поздрава рутина

Мајките кои дојат често:

  • внесуваат повеќе течности,
  • внимаваат на исхраната,
  • избегнуваат алкохол и нездрава храна,
  • создаваат подобар дневен ритам.

Сето ова индиректно помага во контролирање на тежината.

 

Губењето килограми треба да биде постепено

Важно е мајката да не се изгладнува и да не практикува строги диети.

Најдобар пристап е:

  • воведување балансирана исхрана,
  • лесна физичка активност по препорака од лекар;
  • доволно сон и одмор кога е можно;
  • трпение кон сопственото тело.

Пребрзото слабеење може да влијае на енергијата и квалитетот на млекото.

 

Секое тело реагира различно

Кај некои жени килограмите се намалуваат брзо, а кај други побавно. На тоа влијаат:

  • хормоните,
  • генетиката,
  • нивото на стрес,
  • физичката активност,
  • начинот на исхрана.

Најважно е закрепнувањето да биде здраво, а не избрзано.

 

Доењето не е магично решение за слабеење, но претставува природен процес што му помага на телото постепено да се врати во рамнотежа. Со правилна грижа, здрава исхрана и време, организмот полесно закрепнува, а мајката добива повеќе енергија и сила за новата животна улога.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет