cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да знаете дали вашето дете пуши марихуана

Пубертетот е многу тежок период. Се разбира за родителите. Децата растат и прават свои пубертетски работи исто како што тоа и ние сме го правеле во нивно време

Како да знаете дали вашето дете пуши марихуана

Понекогаш е само од љубопитност и само еднаш, друг пат може да се претвори во зависност од која излегувањето е многу тешко.

Нашата должност како родители е да ги предупредиме децата за сите опасности и да се надеваме дека ќе н? разберат.

Се разбира, “проповедите” не помагаат, само добриот пример, прифаќањето, неизмерната семејна љубов и “влегувањето” во позиција се прифатливи и разбирливи за тинејџерите.

Ако имате сомневање дека детето ви се измукнало од нежната, но цврста грижа и почнало да пуши трева, видете кои симптоми да ги следите.

Што да направите ако ги почувствувате сите овие симптоми кај вашето дете?

Прво, не паничите. Марихуаната е лесна дрога, чија употреба ретко прераснува во сериозна зависност или предизвикува употреба и на посериозни дроги.

Сепак, нејзината употреба е забранета со закон, а вашето дете може да има правни последици.

Разговарајте со своето дете мирно. Не почнувајте со тешките обвинувања “ти си наркоман”, “ќе паднеш” итн

Покажете му дека сакате да ја разберете неговата гледна точка, зошто го прави тоа, што му носи, како се обидел. Обидете се да се апстрахирате од фактот дека тоа е вашето бебенце, и претставете си дека е познаник од кого просто сакате да научите нешто ново.

Ако вие самите пушите цигари или пиете алкохол, не треба да сте лицемерни и да му објаснувате “Јас сум возрасен и можам да ги правам овие работи, но ти си мал”. Нека ви текне на сите како ние на 16 си мислевме дека го познаваме животот и знаеме се за него.

Размислете за другите семејни прашања. Често марихуаната не е проблем, тоа е симптом. Ако вашето дете бара излез од реалноста, дознајте зошто не му се допаѓа неговиот живот.

Во пубертетот во главите на децата се случуваат огромни промени, кои имаат потреба од многу, многу разговори, а не од осуда и презир.

Еве како да заклучите дали вашето дете пуши марихуана:

Почувствувајте го мирисот

Тревата посебно мириса. Понекогаш свежо, нешто како босилек, понекогаш има потежок, иритирачки мирис. Некои видови пури исто така мирисаат прилично непријатно, па не секој пат непријатниот мирис значи марихуана.

Вашето дете може само да било во близина каде се пушело марихуана, но тоа одбило. Не “скокајте” веднаш без да бидете сигурни.

Приметувате чудно однесување

Очајни или премногу весели или пак отуѓени – вакви се обично лицата кои често пушат трева. Се разбира, вашиот тинејџер, поради спецификите на возраста, може така да се однесува поради хормоните, а не поради тревата.

Погледнете ги во очите

Црвените очи се еден од симптомите на пушење трева. Пушачите го знаат тоа и често користат капки за очи што го отстрануваат црвенилото. Во принцип, ако вашето дете само има црвени очи, тоа може и да ги совладало компјутерските игри. Но, ако добиете пад на реализација на неговите обврски и не знаете од што е, веројатно е поради марихуаната.

Внимавајте доколку поседува необични предмети

Луле, зрна (кутивка во која е ставено семе од марихуана), хартија и машинка за виткање цигари, цигари се сите тие додатоци кои се користат за пушење трева. И да, тие ќе речат дека се на некој од другарите и ќе треба да направите дека верувате.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет