Како да воспоставите здрав сон кај бебето?
Здравиот сон кај бебето не значи дека мора да спие цела ноќ без будење.
Особено во првите месеци, ноќното будење за хранење е нормално. Целта е постепено да се создадат сигурни и предвидливи навики.
Воспоставете едноставна рутина
Бебињата полесно препознаваат дека се приближува времето за спиење кога редоследот на активности е сличен секоја вечер.
На пример: кратко капење, пресоблекување, пригушено светло, хранење и гушкање, тивка песничка или приказна, легнување е рутината која не мора да биде долга, но може да придонесе за подобар и поздрав сон кај бебето. Најважно е да биде смирена и повторлива.
Денот и ноќта нека имаат различен ритам
Во текот на денот: дозволете бебето да биде на дневна светлина, разговарајте и играјте со него, а домот не мора да биде целосно тивок.
Навечер пригушете ги светлата, зборувајте тивко, а хранењето и пресоблекувањето нека бидат мирни и кратки.
Со текот на времето ова му помага на бебето да го препознае разликата меѓу денот и ноќта.
Препознајте ги знаците на поспаност
Бебето може да покаже дека му се спие со:
- зевање,
- триење на очите,
- намалена активност,
- свртување на главата,
- раздразливост.
Не чекајте секогаш да стане премногу уморно бидејќи тогаш понекогаш е потешко да заспие.
Безбедното спиење е најважно
За секое спиење:
- ставете го бебето на грб,
- користете цврста, рамна и ненаклонета површина,
- креветчето нека биде без перници, ќебиња, играчки, браници и други меки предмети,
- избегнувајте прегревање,
- најбезбедно е бебето да спие во своето креветче или колевка во иста соба со родителот, но не во ист кревет, особено во првите месеци.
Не користете позиционери или производи што го ограничуваат движењето на бебето за време на спиењето, освен ако лекар не ви препорача поинаку.
Не очекувајте совршена рутина веднаш
Новороденчињата имаат кратки циклуси на сон и често се будат. Апсолутно е нормално ритамот да се менува од ден на ден.
Како што бебето расте, постепено може да развие подолги периоди на сон и попредвидлив распоред.
Што ако бебето се буди често?
Прво проверете дали е гладно, дали има потреба од пресоблекување, да не му е премногу топло или ладно, да има потреба од близина или пак знаци дека е болно или не се чувствува добро.
Ако бебето редовно спие многу малку, тешко се буди за хранење или нешто во неговото однесување ве загрижува, разговарајте со педијатар.
Добриот сон кај бебето се гради постепено. Не се потребни комплицирани методи. Потребна е предвидлива рутина, разлика меѓу ден и ноќ и, пред сè, безбедна средина за спиење се најважната основа.





